Силјановска Давкова и Пендаровски повторно ќе се соочат на претседателски избори

Ќе ги почитувам различностите, ама ќе се опкружам со жени, време е за консензус меѓу сите политички субјекти. 

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова и официјално ја објави кандидатурата за претседател со поддршка од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше единствена кандидатка пријавена на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ .Кажа дека потписите од 30 пратеници се веќе собрани, без нејзино знаење, но ќе собира и 10.000 граѓански потписи за да биде еднаква со другите. Една од причините поради која по втор пат одлучила да се кандидира за претседателка е бидејќи граѓаните според неа се во агонија и потребни се радикални реформи.

„Зошто се кандидирам? Од објективни и субјективни причини. Причина е резултатот од минатите избори. Второ, состојбата во којашто се наоѓаме. Мене многу ме боли тоа што другите држави повеќе нѐ ценат отколку ние самите себеси. Сите сме во една агонија и сметам дека време е за женска димензија во политиката, време е за консензус. Мислам дека само самопочит ќе дојдеме до почит. Ако градиме консензус ќе бидеме посилни. Ако не се почитуваме себеси не може да очекуваме почит од никого. Во Европската унија се оди со стандарди во сите области, а не само со зборови ЕУ, ЕУ љубов моја или со како што велат европски фронт“, рече Сиљановска-Давкова.

Од СДСМ денеска потврдија дека актуелниот претседател Стево Пендаровски добил поддршка од највисокото раководство на СДСМ за втор мандат и се очекува следниот викенд да биде официјализиран на партиска конвенција.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски за Канал 5 велат дека во однос на информациите за негова повторна кандидатура се работи за одлуки кои се уште не се официјално донесени, а претседателот за конечната одлука ќе ја информира јавноста следната недела. Тој досега неколкупати изјавуваше дека се уште размислува дали повторно да се кандидира, но никогаш не ја отфрли ваквата можност.

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај 9-оодделенци

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер.

Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.

Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.

Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.

Општина Аеродром

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка.

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица.

Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и оствариле телефонски повици тврдејќи дека бараат итна финансиска помош за ослободување на киднапираните италијански новинари на Блискиот Исток.

Некои од најистакнатите деловни луѓе во Италија, вклучително и модниот дизајнер Џорџо Армани и ко-основачот на Прада, Патрицио Бертели, претходно беа мета на тие измамници, а се верува дека Морати бил единствениот што ги испратил средствата што измамниците ги барале.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

притисни ентер