Сиљановска Давкова: Да се покрене дискусија за отслужување воен рок врз доброволна основа - Канал 5

Сиљановска Давкова: Да се покрене дискусија за отслужување воен рок врз доброволна основа

Дел од младите луѓе имаат желба како некогаш да бидат дел не само од професионална армија, туку доброволно во вооружените сили, можеби би требало за тоа да поразговараме. 

Сиљановска Давкова: Да се покрене дискусија за отслужување воен рок врз доброволна основа

Претседателката Гордан Сиљановска – Давкова, како врховен командант на вооружените сили, денеска од Охрид посочи дека можеби би требало да се размислува во насока да има се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.

- Дел од младите луѓе имаат желба како некогаш да бидат дел не само од професионална армија, туку доброволно во вооружените сили, можеби би требало за тоа да поразговараме. Независно која би била одлуката по дускусијата, ова што го видовме ни дава чувство за безбедност, рече претседателката која денеска присуствуваше на показната вежба на припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

Нејзиниот став е дека треба да се размислува во таа насока, да се иницира дискусија, да се чујат експертите по прашањето.

- Сме имале ние такво искуство, да, мислам дека треба да се размислува. Има луѓе кои би сакале да служат воена обврска, доброволно, зошто тоа да не го овозможиме. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето..., рече Давкова пред медиумите, при што додаде дека ќе има разговори и консултации по прашањето со одговорните, со началникот на Генералштабот.

- Јас сум за цврста и силна граѓанска контрола на Армијата, ќе ги прашам сите, така што слободно може да се размислува на таа тема, рече претседателката.

Сиљановска Давкова посочи на времето од поранешната државна заедница кога отслужувањето воен рок значеше интеракција на најразлични профили луѓе, градење односи на солидарност, разбирање...

- Тоа го видовме тука денеска, колку е потребна таа соработка. Се разбира дека можеби тоа навистина е важно во ова време, рече таа, посочувајќи ја потребата посветеноста, дисциплинираноска да бидат императив во секоја област од професионалниот ангажман.

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Фолксваген планира постепено да ја укине „ID.“ ознаката во името за електрични возила.

Фолксваген го прекинува ID. во името на електричните модели: Враќање кон Fox, Polo, Golf?

Уште во 2026 година, компанијата има намера да го замени ова алфанумеричко брендирање со традиционални имиња на автомобили. Целта е да се поедностави понудата.

„ID.“ беше лансиран во 2017 година со концептна верзија на компактниот модел „ID.3“, кој влезе во производство во 2019 година. Сега станува збор за цела низа производи, од „ID.3“, „ID.4“... па сè до „ID.Buzz“.

Мартин Сандер, член на одборот на „ Volkswagen “ одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба, во интервју за „ Auto und Wirtschaft “ откри дека компанијата има намера да се врати на користење на конвенционалните имиња за електрични возила.

Иако Сандер не навлезе во детали, Фолксваген претходно објави дека традиционалните имиња би можеле да се користат и за електрични возила, како што се „Fox“, „Polo“, или „Golf“.

Извор: Б92

Паолини го освои Рим

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини е победничка на турнирот ВТА 1000 во Рим со награден фонд од над шест милиони евра.

Паолини го освои Рим

Шестата носителка Паолини попладнево во финалето кое траеше час и половина убедливо ја совлада четвртата носителка, Американката Коко Гоф, со 6-4, 6-2, станувајќи првата домашна тенисерка што ја освоила титулата во Рим по пауза од 40 години.

Паолини доминираше во финалето и ја освои својата трета титула во кариерата, а за победата во Рим заработи 877.390 евра, додека поразената Гоф инкасираше 456.735 евра. /МИА

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Денес, Андреј Хоивик, претставник на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), беше качен на покривот на зградата на словенечкиот парламент во Љубљана, објави Дневник.си.

Словенечки пратеник на кров од зграда: „Она што го прават не е во ред“

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила брзо пристигнаа на местото на настанот.

Пожарникарите поставија скали, а по неколку минути Хоивик се согласи да слезе од покривот, а потоа беше предаден на медицинскиот персонал и пренесен во болница.

„Она што го прават во оваа земја не е исправно“

За време на инцидентот, Хоивик им се обратил на минувачите од покривот, нагласувајќи дека „не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб“, но верува дека „она што го прават во оваа земја не е исправно“. Како што објавува „Дневник.си“, во еден момент тој ѝ рекол на жената на покривот: „Ана, те молам, ако направиш уште еден чекор напред, ќе скокнам долу, ветувам“.

Полицијата потврди дека никој не е повреден, а инцидентот се третира како итна помош за лице во психолошка криза. Мотивот за инцидентот не е официјално познат, но извори велат дека Хоивик покажувал знаци на исцрпеност и емоционална исцрпеност во последните недели.

Пратеничката група на СДС се огласи на социјалните мрежи за да нагласи дека животните искушенија понекогаш се премногу тешки и бара разбирање и сочувство.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер