Силјаноска- Давкова најави намалување на ДДВ за угостителството, градење на стратегија за туризам и угостителство и субвенционирање на угостителски капацитети

Носителката на листата во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија" Гордана Силјаноска – Давкова денеска кажа дека владата на чело на СДСМ целосно го заборавила угостителскиот сектор .

„Владата го заборави угостителството или многу доцна виде дека угостителите имаат големи проблеми врзани за отсуството граѓани заради опасноста од зараза со Ковид 19. Потем реагираше но чинам дека реакциите на угостителите беа дека тоа целосно недоволно„ истакна Силјаноска- Давкова.

Дополнително Силјаноска – Давкова како носителка на изборна единица 1 потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ има подготвено стратегија и мерки кои ќе значат заздравување на целокупната економија а со тоа и рехабилитирање на угостителскиот сектор.

„Останува значи за партијата или за коалицијата што ќе победи што значи за ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери да го спроведе она што е напишано во програмата . Дека е потребно во првите 100 дена да се посегне по една преодна стратегија за решавање на затечените проблеми или проблемите во тек врзани за економијата и за здравството што значи со ова врзано и статусот на угостителството„ појасни Силјаноска- Давкова.

Силјаноска – Давкова како носителка на изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија" истакна дека во програмата „Обнова" ставени се проекти и мерки конкретни за угостителите како намалување на ДДВ и издвојување на секторот туризам од постојаното министерство за економија и присоединување со министерството за култура каде е вклучено и угостителството. Силјаноска – Давкова појасни дека е една од многуте мерки е и субвенционирање на угостителските капацитети кои би добиле статус зелени хотели и многу други проекти кои го засегаат овој сектор.

„ Една идеа или една информација економистите експертите економски сметаат дека треба на патот на европеизацијата да бидеме стандардни и наместо Министерство какво што имаме сега за економија во кое влегува и туризмот . Туризмот да се извлече од економијата и да се дислоцира во културата , тука го врзувам јас и угостителството во една своја димензија има врска исто така со туризмот и мислам дека на таа линија е добра. Мерката да се намали ДДВ – то што го плаќаат угостителите за да им се овозможи порамноправен настап на пазарот а ако се извлече како што велам туризмот тогаш да имаме едно класично европско министерство како што е министерство за индустрија , за трговија и за развој. Мислам дека е тоа добар потег„ појасни Силјаноска – Давкова.

Понатаму , Силјаноска – Давкова рече дека ВМРО ДПМНЕ ќе се стимулира и градење на човечки ресурси во туризмот односно стимулирање на вклучување на младите во овој сектор и воведување на категоријата работен час каде ќе се вреднува подеднакво и ноќниот труд за поттикнување на сезонскиот труд а и воедно за спречување на одлив на млади луѓе за време на летната сезона.

„Понатаму што е добро од она што го разговарам, тие сметат дека определбата програмска младите да можат part – time да бидат ангажирани се разбира со се сите давачки што следат во односот кон нив во угостителството. А за време на летниот распуст да можат и целосно да бидат вработени„ додаде Силјаноска- Давкова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Продолжува и утре сослушувањето на Тачи во Хаг

Трет ден по ред ,претседателот на Косово, Хашим Тачи е сослушуван во Специјалното обвинителство во Хаг, пренесува „Косово онлајн“.

По сослушувањето, кое траело скоро седум часа, Тачи не разговарал со новинарите.

Тачи утре ќе се појави во Специјалното јавно обвинителство во Хаг, каде ќе продолжи интервјуто со него, јавува приштинската телевизија Клан Косово.

Тачи од понеделник е на распит во Хаг во врска со обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на Косово.

Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг, поднесе обвинение по десет точки, на 24-ти јуни, во кое се обвинети Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи и други, за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и мачење.

Во обвинението се тврди дека Тачи, Весељи и другите осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.

Тачи мина повеќе од 12 часа во понеделникот и вторникот во зградата на судот во Хаг, заедно со неговите адвокати.

На првиот ден по сослушувањето, тој изјави дека цело време ги слушал техничките прашања поставени од претставниците на обвинителството и неговиот законски застапник, додека тој вчера не се обратил до новинарите.

Специјалното обвинителство сè уште не се огласи за престојот на Тачи во Хаг.

Рамос доби над милион лајкови за еден час : Навистина имаш 34 години ?

Сергио Рамос сè уште игра врвен фудбал на 34-годишна возраст, водејќи го Реал Мадрид до нова титула оваа сезона со постигнати 12 голови на 42 одиграни натпревари.

За еден дефанзивец, овие се натпросечни бројки, но Реал и шпанскиот капитен се извонредни во тоа.

Колку е физички способен и моќен, може лесно да се види од неговиот последен пост на Инстаграм.

„Наш е редот, ајде да го добиеме “, напиша Рамос алудирајќи на круцијалниот натпревар утре против Виљареал во кој Реал, во случај на победа во Мадрид, ќе обезбеди победа во Ла Лига.

На Рамос му стигна коментар на фотографијата од официјалниот профил на Ла Лига:

"Дали навистина си 34-годишник?"

Фотографијата собра над еден милион и сто илјади лајкови за еден час.

притисни ентер