Силен земјотрес почувствуван во Турција

Силен земјотрес денеска ја погодил Турција, се очекуваат извештаи за евентуални жртви и повредени и за направена материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја потресол провинцијата Малатија на југоистокот на Турција, соопшти Институтот за истражување на земјотреси и Кандали опсерваторијата.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри , пренесе Ројтерс.

Градоначалникот на Путурга, каде што бил епицентарот на земјотресот за телевицијата ЦНН Турк изјавил дека потресот предизвикал материјална штета, но дека нема извештаи за евентуални повредени или загинати.

Турскиот директорат за вонредни состојби навел дека земјотресот бил со магнитуда од 5,2 степени.

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер