Шведската министерка за надворешни ќе се сретне со турскиот колега по негодувањето на Турција

Шефицата на шведската дипломатија Ана Линде вечерва изјави дека очекува да има билатерална средба со нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Средбата доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека не гледа „позитивно“ на потезите на Финска и Шведска за приклучување кон НАТО.

Ердоган ги обвини двете земји во кои се сместени курдски „терористички организации“.

Чавушоглу рече дека ставот на Анкара е јасен: „Тие земји не треба да ги поддржуваат терористичките групи ПКК/ЈПГ“, според турската државна новинска агенција Анадолу.

ПКК или Работничката партија на Курдистан, која бара независна држава во Турција, со децении е во вооружена борба со Турција и е прогласена за терористичка организација од Турција, САД и Европската унија.

По денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Линде во коментар за шведската телевизија СВТ рече дека „имаме многу добри и конструктивни односи“.

„Сме се сретнале неколку пати претходно и никогаш не сме слушнале за какви било проблеми во случај да аплицираме за членство во НАТО. Но, сега има нови сигнали од претседателот. Затоа ќе се обидам да дојдам до основата на тоа доколку има некакви недоразбирања“, рече таа.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека разговарал со Линде, како и со претседателот на Финска, Саули Ниинисто и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто, пред официјалниот министерски состанок на НАТО што утре ќе се одржи во Берлин. Столтенберг преку Твитер објави дека „Финска и Шведска се нашите најблиски партнери и разговаравме за развојот на настаните во врска со нивните можни апликации за членство. Проширувањето на НАТО е историски успех“, објави Си-Ен-Ен.

За попладне и вечер најава за изолиран развој на пороен дожд, грмежи, ветер

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степен.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Без вода неколку улици во Центар

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улица „Киро Крстевски Платник" до „Коста Неделковски", „Златко Шнајдер" и уметничкото училиште во Општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „Златко Шнајдер" крстосница со „Киро Крстевски Платник".

притисни ентер