Шведска почнува истрага за одговорот на пандемијата и големиот број починати од коронавирусот

Шведска денеска објави дека формира комисија за проценка на реакцијата на земјата на пандемијата на коронавирус, како одговор на критиките за високата бројка на починати, што далеку ги надминува бројките во нејзиното соседство.

Починале над 5.300 Швеѓани поврзани со инфекцијата на „ковид-19“, додека тој број изнесува 250 во Норвешка, 600 во Данска и 325 во Финска, додека сите имаат популација за половина помала од Шведска.

Шведска, за разлика од другите скандинавски земји, одлучи да не ги затвора училиштата и економијата во пандемија, со цел да се бори против ширењето на вирусот.

„Не е прашање дали Шведска ќе се промени како резултат на оваа истрага, прашањето е како“, рече шведскиот премиер Стефан Лофвен на прес-конференција.

Комисијата има широк мандат да утврди како вирусот стигнал до Шведска, како се раширил, да ги доведе во прашање одговорите на владата и другите власти.

Одговорот на Шведска на избувнувањето на епидемијата, што во голема мерка се потпираше на доброволни мерки и правила за хигиена според совеста на граѓаните , доведе до тоа нејзините соседи и другите европски држави на крајот да ги затворат своите граници за шведските туристи.

Бројот на починати, иако е релативно голем, сепак е помал отколку во некои други европски земји, како што е Велика Британија, која има една од најлошите стапки на смртност во светот.

Критиката во Шведска главно се фокусира на стапката на смртност забележана кај постарите лица, сместени во старечки домови, кои сочинуваат најголем дел од смртните случаи, како и на доцниот почеток на тестирањата во земјата.

Шефот на Агенцијата за јавно здравје рече дека Шведска ја следи воспоставената практика.

Андерс Тегнел, човекот кој беше главен автор на антивирусната стратегија на Шведска, за Ројтерс изјави дека останува нејасно дали воспоставувањето карантин е ефикасно.

Комисијата ќе достави извештај за грижа за старите лица во ноември, но нејзините конечни заклучоци нема да бида објавени до 2022 година, пред изборите што ќе се одржат во земјата.

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

притисни ентер