„Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни против овој сој“, рече Тегнел за АФП, додавајќи дека сè уште има некои сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постоечките вакцини против омикрон.
Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите тие се поврзани со патувања во Јужна Африка.
Во Шведска, од денеска организаторите на јавни собири со повеќе од 100 луѓе, пред се` во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да се воведат дополнителни мерки, како што се простор и ограничен број учесници.
Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции. Иако бројот на заразени се зголемил последните денови, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Вкупно 20 лица починале од Ковид-19 во последните седум дена.
Во болниците има 291 пациент со коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од оние над 12 години се вакцинирани со две дози.