Шведска доби прва жена премиер, но само неколку часа

Само неколку часа траеше мандатот на тукушто избраната шведска премиерка.

Магдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка, но се повлече откако нејзиниот коалициски партнер излезе од владата и не помина буџетот што таа го предложи. -Му кажав на спикерот дека сакам да поднесам оставка, изјави 54-годишната социјалдемократка.

Андерсон кажа дека уште еднаш ќе се обиде да стане премиер како лидерка на еднопартиска влада. Иако жените уште пред 100 години добија право на глас, Шведска до денеска беше единствената скандинавска држава која немала премиерка.

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

СЗО: Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа

 „Новиот сој може да ја влоши ситуацијата“.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација.

– Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, а новиот сој може да ја влоши ситуацијата, рече таа за време на онлајн сесијата за прашања и одговори за ситуацијата со коронавирусот.

Затоа, таа смета дека е исклучително важно да се продолжи со поддршката на епидемиолошките мерки насочени кон ограничување на ширењето на варијантата Делта. Посебно, треба да се засилат кампањите за вакцинација.

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото

Но стапката на невработеност паѓа.

Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси 600.000 нови вработувања во ноември, објавена претходно од Министерството за труд на САД.

Иако Министерството денеска објави друга бројка – дека во ноември биле вработени 210.000 лица, помалку од половина во октомври и многу помалку од предвидените 500.000 со оглед на празничниот период, според извештајот, двете бројки се разликуваат бидејќи едната е од анкетирани работодавачи, а другата е од домаќинствата.

Американската економија се враќа на ниво пред пандемијата, но мошне споро. Бројките покажуваат дека дел од Американците кои ја изгубиле работата поради пандемијата се враќаат на пазарот на трудот. Од анкетите на домаќинствата се дознава дека речиси 600.000 лица се вратиле на работа во ноември.

Тоа во ноември го зголеми влијанието на работоспособните Американци кои имаат работа или ја бараат до 61.8 отсто, споредбено со 61.6 отсто во октомври. Сепак, во САД во моментот се вработени 2.4 милиони луѓе помалку во споредба со периодот пред пандемијата.

Економистите сметаат дека силниот берзански пазар и високите цени на станбената недвижност ја зголемиле благосостојбата на многу Американци што придонело за тоа предвремено да се пензионираат. Исто така, многу домаќинства имаат огромни заштеди и нивните члеови не се брзаат да најдат работа.

Покрај тоа во САД се забележува и пораст на самовработувања.

притисни ентер