Швајцарски синдикати: Мораме да работиме подолго, пензискиот систем се распаѓа

Во една од најбогатите и најпросперитетните земји во светот, Швајцарија, синдикатите истакнуваат дека е неизбежно подигнување на границата за заминување во пензија.

Лидерот на Вработените во Швајцарија, синдикална група, која ги претставува работниците од водечките швајцарски извозни гранки, изјави дека зголемувањето на возраста за пензионирање е неизбежно нешто, бидејќи државниот пензиски фонд е под голем финансиски притисок.

„Мораме повторно да размислиме за возраста за пензионирање. Потребна ни е пофлексибилна возраст за заминување во пензија, бидејќи на идните генерации мораме да им го препуштиме системот за пензиско осигурување во добра состојба“, изјави Стефан Студер (58), директор на Вработените во Швајцарија.

Во моментов старосната граница за заминување во пензија во Швајцарија е 65 години за мажи и 64 години за жени. Меѓутоа, шест од 10 вработени престануваат да работат пред наведената возраст. Синдикалниот лидер предупреди дека првиот столб на пензискиот систем е во критична состојба. Тој рече дека дури и ако пензискиот систем добие две милијарди швајцарски франци финансиска поддршка, како што е ветено ако иницијативата за реформа на данокот за добивка и пензиската реформа бидат одобрени на 19-ти мај, федералната Влада предвидува дека до 2045 година ќе се акумулира дефицит од 170 милијарди франци. Тоаќе се случи ако не се направат и други реформи.

Треба да се напушти стариот начин на размислување за да се осигура одржливо реструктуирање, рече Студер, и додаде: „Ако се ценат вработените, многумина ќе бидат подготвени да работат подолго, со помал товар. Повеќето луѓе уживаат во своите работни обврски и работат во професии кои им даваат смисла на нивните животи “.

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Зоран Заев е синоним за корупција, криминални..

Аболицираниот Зоран Заев е синоним за корупција, криминални и рекетарски шеми, не само во Македонија, туку и пошироко.

Македонија во овие три години стана најкорумпираната држава во Европа, хибриден режим во кој се направени 18 милијарди финансиски криминал. Јавноста виде како торби со Луј Витон изрекетирани пари се шетаат низ државата, а има сведоштво дека завршиле токму кај него лично. Сите слушнаа како се тргувало со правдата и како на неистомислениците им биле палени автомобилите со амин на Заеви. Класична мафијашка држава стана Македонија со Зоран Заев. Тој е последниот кој треба да говори за иднина и правна држава. Од позицијата предводник на телото за реформи во судството си обезбеди само нова амнестија за себе и го штитеше криминалот на своите луѓе.

Ова народот ќе го казни на 15 јули и Заев ќе одговара.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Загриженост за грчките државјани што ја посетуваат Македонија и не се тестираат за Ковид-19

Граничните премини се затворени за македонски и албански државјани, но Грците слободно влегуваат и во двете соседни држави.

Откако Македонија ги отвори границите, стотици грчки државјани, особено од северниот дел на Грција и преку граничниот премин Ники (Меџитлија), секојдневно ја посетуваа нашата земја за кафе, шопинг, прошетка и слично, но без притоа на враќање да им бидат извршени какви било тестови, нешто што, според државната телевизија „ЕРТ", предизвикува загриженост и кај локалното население и кај локалните власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Граничните премини се затворени за македонски и албански државјани, но Грците слободно влегуваат и во двете соседни држави.

Со оглед на тоа дека тестирањата за Ковид-19, Грција ги спроведува само на странски посетители и туристи на граничниот премин Промахонас (Кулата), а не и на грчки државјани и оние со постојан престој во земјата, кои влегуваат од другите премини, ЕРТ коментира дека секојдневно, „околу 300-400 возила поминуваат во соседната земја" и постои опасност од „увезени случаи на коронавирусот".

Локалното население и организации бараат да се затвори граничниот премин, бидејќи жителите од овои региони не се прилагодуваат на повикот и апелот да ги ограничат нивните патувања во соседната земја, коментира новинарката од „ЕРТ".

Откако градоначалникот на Лерин (Флорина), како што во средата објави МИА , им препорача на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Македонија, од Сојузот на полициски службеници од истиот град, испратија писмо до министерствата за цивилна заштита и здравство, со Секретаријатот за цивилна заштита и до грчката федерација на полициски службеници, во кое ја изразуваат нивната загриженост за ситуацијата и слободниот проток на грчки државјани од и кон Македонија и Албанија.

Во писмото велат дека e забранет влез на државјани на Македонија „поради големиот број случаи и опасност од ширење во Грција, но без ограничувања дозволен е излез и влез на грчки државјани".

-Па така, секојдневно, илјадници грчки граѓани од Флорина и поширокиот регион , одат во градовите во Македонија што се во близина, на шопинг, за забава, на забар итн и се враќаат во нашата земја без никаква здравствена контрола од единици на Националната организација за јавно здравје, продолжувајќи нормално со нивното секојдневие во локалното општество каде што живеат и работат, со што и да резултира ова, пишуваат од Сојузот на полициски службеници од Лерин во писмото и бараат заштита на полицајците кои работат на граничните премини со Македонија и Албанија. /МИА.

Ангеловска: Над 187.000 домашни платежни картички се активни, 11 милиони евра досега вбризгани во стопанството преку граѓаните

Преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив веќе направиле над 660.000 трансакции и потрошиле 10,7 милиони евра за домашни производи и услуги, вели во својата Фејсбук објава министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Заклучно 8 јули имаме 187.768 активни домашни платежни картички. За три недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија, пишува Ангеловска.

Ангеловска посочува дека согласно податоците кои ги добиле од дел од банките, со картичките најмногу се пазари во супермакетите, односно преку 90 отсто од транскациите се таму.

Ангеловска наведува дека во тек е втората фаза на разгледување на приговорите од граѓаните кои не добиле картички, а сметаат дека треба да бидат корисници.

– Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат, вели Ангеловска во објавата.

притисни ентер