Швајцарија планира построги мерки против коронавирусот

Берн треба да ги заостри ограничувањата за да го спречи повторното ширење на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска официјален претставник на владата.

По дневниот просек од 35 нови инфекции во текот на јуни, Швајцарија неодамна бележи просек од околу 200 нови заразени на ден.

Мартин Акерман, новиот шеф на работната група за борба против коронавирусот и советник на швајцарската влада за научни теми, предупредува дека земјата е на работ на големо зголемување на бројот на заразени и дека има премалку простор за маневрирање.

„За да спречиме експоненцијален раст, треба да преземеме соодветни мерки порано“, рече Акерман за „SonntagsZeitung“. „Во спротивно, ризикуваме повторно да воведеме драстични и скапи ограничувања, што треба да ги спречиме по секоја цена“.

Швајцарија го укина делумниот карантин воведен во март. Потоа, за да се спречи ширењето на вирусот, кој во таа земја од 8,6 милиони луѓе зарази 35.000 луѓе, а од нив починале 1707, затворени се некои продавници, барови и ресторани.

Акерман, кој вчера ја презеде функцијата шеф на работната група, рече дека го поддржува задолжителното носење маски во затворено.

Маските за лице во моментов се задолжителни само во јавниот превоз и на политичките собири. Владата ги олесни мерките за ограничување на собирите, иако организирањето настани со повеќе од 1.000 лица е сè уште забрането.

Како експерт за микробиологија, Акерман смета дека големите јавни собири во Швајцарија треба повторно да бидат ограничени.

Тој исто така верува дека бројот на лица кои учествуваат на јавни настани треба да биде ограничен на 100, бидејќи постои ризик од експоненцијален раст на случаи на инфекција, додавајќи дека „сегашните податоци сугерираат дека инфекцијата се шири побрзо кај голем број луѓе“.

Во светот 19,39 милиони луѓе заразени со коронавирус

Повеќе од 19,39 милиони луѓе се заразени со вирусот корона ширум светот, додека 719.795 починале. 

Случаи на инфекција се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии низ светот откако првиот случај беше идентификуван во Кина во декември 2019 година.

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите

Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош.

Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување.

– Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување.Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам.

Им била ветувана помош по завршување на изборите, но, посочуваат, сега се чека да се формира Влада и така во недоглед. Реагираат на изјавата на министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој препорачува да не се патува и посочуваат дека во таков случај државата треба да им помогне.

-Како сектор кој се уште е најзагрозен поради пандемијата, наведуваат, направивме секакви напори за да допреме до совеста и човечноста на државата, но како и пред изборите кога имаше ветувања дека веднаш ќе се преземат дејствија по нивното завршување, сега чекаме Владата да се формира и така до недоглед. Како тоа да не е доволно, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка, со изјавата: Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат. Најостро ја осудуваме оваа негова изјава и сметаме дека не само што не ни помагаат, туку дополнително ни ја отежнуваат работата. Агенциите бидејќи немаат никаква финансиска поддршка, оставени сами на себе, се обидуваат и со најмалите расположливи услови да направат каква било продажба. Доколку министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна!, стои во соопштението од туристичкиот сектор.

Туристичките работници организираа мирен протест во центарот на Скопје на 29. минатиот месец. Повторно побараа помош и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа тогаш, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување./МИА

СДСМ:Новата Влада на СДСМ ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

Новата влада посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Приоритет е прочистување на правосудството, а заедно ќе договориме и ќе воспоставиме систем за проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Изминатите две и пол години ги создадовме сите услови, го донесовме Законот за јавно обвинителство, кој гарантира дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница.

Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните.

СДСМ

притисни ентер