Швајцарците во недела излегуваат на пет референдуми, од договор со ЕУ и авиони до бебиња и волци

Швајцарците во недела ќе гласаат на референдуми за пет различни прашања, вклучително и иницијативата за укинување на Договорот за слобода на движење на луѓето што треба да се постигне со Европската унија.

Укинувањето на Договорот за слобода на движење на луѓето со ЕУ, кој е на сила од 2002 година, го бара десничарската популистичка Швајцарска народна партија и тоа би загрозило уште шест билатерални договори со ЕУ. Прекинувањето на еден значи престанок на сите од таа групата.

Договорите опфаќаат истражување, земјоделство, технички бариери за трговија, јавни набавки, копнен транспорт и цивилен воздушен транспорт.

Затоа ЕУ може да раскине и неколку други договори. Ова, од своја страна, би значело крај на швајцарскиот модел на односи со Унијата. Повеќето Швајцарци затоа се против оваа иницијатива.

Набавката на нови борбени авиони е политичко клише во Швајцарија. Швајцарците гласаа на референдум во 2014 против купување на 22 шведски авиони Грипен. Овој пат станува збор за купување нови борбени авиони за најмногу шест милијарди швајцарски франци (5,6 милијарди евра).

Швајцарското воено воздухопловство сега има 26 40-години стари авиони Ф-5 Тајгер што се користат само за обука на летови и 30 авиони Ф / А-18 кои треба да бидат повлечени до 2030 година. Опозицијата го смета предлогот за купување нови авиони за „непотребен луксуз“ со оглед на тоа што новите закани се претежно природни катастрофи, сајбер напади и климатски промени.

Владата, поддржана од десничарски и десноцентристички партии, смета дека заштитата на воздушниот простор останува важно за националната безбедност, без разлика дали се можни напади или е секојдневие, како што е безбедноста на големите собири, како што се оние што се одржуваат во седиштето на ООН во Женева. Владата исто така посочува дека производителот што ќе ги снабдува со новите авиони ќе мора да склучи договори со швајцарски компании во вкупна вредност од 60 проценти од цената на авионите за да ја зајакне швајцарската индустрија.

Вработените жени имаат законско право на 14 недели платено породилно отсуство по раѓање. Но, татковците имаат само еден или два дена ако се вработени. А законот не предвидува ништо за слободните професии.

Во септември 2019 година, швајцарскиот парламент даде зелено светло за двонеделно платено породилно отсуство за татковците, кое може да се земе одеднаш или на рати, повеќе од шест месеци по раѓањето на детето.

„Потребни беа 20 години и повеќе од 30 обиди во парламентот да се постигне тоа“, објави швајцарската јавна телевизија РТС по парламентарното гласање.

Текстот доставен на референдумот, против кој се бори популистичката десница, е контра-предлог на граѓанска иницијатива со која се бара отсуство од четири недели за татковците. Парламентот веќе прифати две недели, па иницијаторите го повлекоа својот предлог.

Што се однесува до жените, предвидениот додаток за татковците одговара на 80 проценти од просечната плата, но може да изнесува максимум 196 франци дневно. За две недели, татковците можеле да добијат максимум 2.744 франци (2.550 евра).

Законодавството за ова прашање се развива брзо на меѓународно ниво. Во Франција, властите оваа недела објавија дека времетраењето на породилното отсуство за татковците ќе биде двојно зголемено на 28 дена.

Швајцарецот ќе гласа и за ревизија на законот за лов што го донесе парламентот за да се зголеми бројот на волци.

Сегашниот закон, што исто така ја регулира заштитата на дивите животни, датира од 1986 година, кога во Швајцарија немало волци. Тие се вратиле во 1995 година и сега се околу 80 во осум групи.

Кантоните можат да дозволат лов кога волкот предизвикува голема штета. Ревидираниот закон ќе им овозможи на кантоните да дејствуваат превентивно за да спречат волците да убиваат овци и кози и да се осигурат дека се плашат од луѓе, објаснуваат властите.

Здруженијата за заштита на природата бараат референдум против новите законски одредби.

Петтиот предлог се однесува на зголемување на федералните даночни олеснувања за децата, што ќе им користи на побогатите граѓани.

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер