Швајцарците гласаат за забрана за носење никаб, муслиманите незадоволни

„Стоп за екстремизмот!“ пишува на црвен билборд во тивко село надвор од Цирих. Над натписот стои фотографија на намуртена жена со црна марама и превез.

Големиот постер е дел од кампањата на десничарската Швајцарска народна партија (СВП) за забрана на покривање на лицата за што ќе се гласа на референдумот во недела. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Швајцарци ќе ја поддржат забраната и дека предлогот ќе стане закон.

"Во Швајцарија, традиција е да го покажете своето лице. Тоа е знак на нашите основни слободи", рече Валтер Вобман, пратеник на СВП и претседател на комитетот за референдум.

Предлогот датира од 2017 година, долго пред појавата на коронавирусот, кој ги принуди возрасните да носат маски за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Не го споменува директно исламот и неговите цели вклучуваат запирање на насилните улични демонстранти и маскираните фудбалски хулигани. Сепак, локалните политичари, медиумите и лидерите на кампањите ја нарекоа забрана за бурка и никаб.

Предлогот ги опишува напнатите односи на Швајцарија со исламот, откако граѓаните ја поддржаа забраната за изградба на нови минариња во 2009 година. Локалните забрани за покривање на лицето веќе се воведени во два кантона.

Вобман тврди дека гласањето не е глас против самиот ислам, но додаде дека „покривањето на лицето е симбол на овој екстремен, политички ислам, кој се повеќе се истакнува во Европа и за него нема место во Швајцарија“.

Франција забрани носење превез преку целото лице во јавноста во 2011 година, а Данска, Австрија, Холандија и Бугарија имаат тотални или делумни забрани за покривање на лицето во јавност.

Никој во Швајцарија не носи бурка, а никабот го носат триесетина жени, според Универзитетот во Луцерн. Муслиманите сочинуваат 5,2 проценти од швајцарското население од 8,6 милиони луѓе, повеќето од Турција, Босна и Херцеговина и Косово.

Швајцарските муслимани тврдат дека десничарските партии го користат гласот за да ги соберат своите приврзаници и да ги демонизираат, додека други предупредуваат дека забраната ќе поттикне подлабоки поделби.

„Никаб е празен лист што им овозможува на луѓето да ги прикажат своите стравови, но многу е малку веројатно дека ќе сретнете некој на улица во Швајцарија со никаб“, рече Андреас Тунгер-Занети, раководител на Центарот за религиозни студии на универзитетот во Луцерн.

Тој додаде дека забраната ризикува да го зацементира имиџот на Швајцарија како антиисламска земја и може да предизвика бес кај некои муслимани.

Многу феминистички организации се спротивставуваат на забраната.

„Освен што е бескорисен, овој текст е расистички и сексистички“, рече Инес Ел-Ших, портпаролка на муслиманската група „Виолетова шамија“.

„Неприфатливо е во швајцарскиот устав во 2021 година да има напис кој пропишува или им забранува на жените да носат што сакаат“, изјави Ел-Ших за АФП.

"Забраната за бурка не е за жените, туку против нив. Без разлика дали сме во мини здолниште, бурка или топлес, ние сакаме право на избор", додаде таа.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај.

Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, согласно роковите од новиот Деловник, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска на средба со новинарите информираше дека тој исто така до 12 мај треба да ја свика и седницата за инаугурација на новиот претседател, по изборите на 24 април и евентуален втор круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Во Собранието денеска треба да започне последната нова пленарна седница и да заврши до утре, а закажани се и продолженија на неколку други седници. Митрески нагласи дека на седницата е предложена Декларација за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основање на Алијансата. Претседателот на Собранието смета дека е многу значајно да се донесе оваа Декларација на самиот крај овој мандатен состав и со тоа ќе остават порака за идните пратеници.

Тој вели дека има простор до почетокот на кампањата за претседателските избори следната недела за седница за евентуални итни прашања. Додека трае изборната коампања не планира да свикува седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница. Митрески посочи дека ова се редовни парламентарни избори и дека согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание.

За време на овој парламентарен состав 2020-2024 закажани се 149 седници, 102 се завршени, а 46 незавршени. Донесени се 548 закони. Имајќи ги предвид и другите акти, одлуки и извештаи вкупниот број е 832. Не се донесени 130 акти кои се влезени во процедура и не се завршени.

Во мандатот на Митрески што започна на 26 јануари, донесени 72 закони и одлуки.

Народна банка и ЕБОР потпишаа Меморандум на разбирање

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Народната Банка на Македонија со задоволство известуваат дека Народна Банка е основачки потписник на Финансискиот код на жени предприемачи во Македонија.

Народна Банка и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање на настан во просториите на Народна Банка на 28 Март 2024, во Скопје, каде се обврзаа да работат заедно на имплементација на кодот и званично да го објават почетокот на истиот во Македонија. Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива поддржана од ЕБОР, Финансиската иницијатива на жени предприемачи и националната коалиција на јавни и приватни ентитети. Кодот има за цел да го зголеми финансирањето на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени. Како потписник за Македонија, Народната Банка е горда што ќе овозможи лидерствово соработката со останатите домашни институции, со цел да ја подобри размената на информации и да превземе активности кои ќе помогнат да се отстранат ограничувањата и финансиските јазови за жените претприемиачи.

Финансискиот код за жени предприемачи е основан во 2017 година, од Светска банка со поддршка во вид на донации од 14 влади. До денес има дистрибуирано над 3 милијарди американски долари (2,8 милијарди евра) на над 150.000 бизниси управувани од жени во земјите во развој и оние со среден приход.

Ангеловска Бежоска, Гуренер на Народната Банка на Македонија изјави: ,,Поддржувањето на бизнисите управувани од жени е круцијално во борбата за родова еднаквост. Централната Банка ќе биде активно инволвирана во образување на клиентите за можностите и обврските кои кредиторите ги имаат кон нив, како и за обезбедување на информации за кредитирање на компаниите управувани од жени, кои ќе придонесат кон подобар пристап на жените претприемачи во финансирањето”.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија истакна: ,,За нас во ЕБОР, промовирањето на родова еднаквост е еден од врвните три стратешки приоритети, а поддршката на жените претприемачи е клучен дел од тоа. Финансискиот код на жени претприемачи е неверојатно интересна можност за катализирање на постоечките напори во оваа област. Ни претставува задоволство да соработуваме со Народна Банка на Македонија".

ЕБОР и Народна Банка ќе работат заедно во зголемување на бројот на потписници на Кодот, обезбедувајќи ентитети кои даваат финансиски услуги, поттикнувајќи соработка со креаторите на политиките и другите играчи во еко системите, за да ја го зголемат генерирањето на податоци за родовата застапеност кај МСП, и да промовираат користење на креирани политики и производи кои се добри за микро, малите и средни препријатија, управувани од жени.

Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година. До денес има инвестирано над 2,6 милијарди евра во над 180 проекти, од кои скоро половина во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да ја поддржи конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.

ЕБОР

притисни ентер