Штрајкуваат германските административци,на штрајк и вработените во државните болници

Вработените во германските јавни служби денеска започнаа предупредувачки штрајк, со кој синдикатот на вработените во јавниот сектор сака да го зголеми притисокот врз претставниците на градовите и општините.

„Ништо друго не ни преостанува. Работодавачот, со својата нефлексибилност во тековните преговори, не принуди на овој чекор“, рече лидерот на синдикатот Верди Франк Вернеке во интервју за јавниот сервис ЗДФ.

Во фокусот на денешната привремен прекин се државните болници низ Германија.

„Овде особено е изразен притисокот врз вработените поради корона кризата “, рече Вернеке. Првично, детските градинки требаше да бидат најпогодени од штрајкот, но ова, како што рече првиот човек на синдикатот, е несоодветно поради притисокот што го трпат родителите поради кризата со корона. Синдикатот Верди бара зголемување на платата од 4,8 проценти или најмалку 150 евра за околу 2,3 милиони вработени во германските јавни служби.

Работодавачот, во овој случај градовите и општините, сè уште немаат дадено понуда што укажува на намалени даночни приходи поради корона кризата.

"Ова е сосема погрешен пат. Даночните приходи значително ќе се намалат во следните години. Треба да најдеме некаков вид компромис", рече Герд Ландсберг, директор на Здружението на германски градови и општини.

Градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг ги критикувал синдикатите, посочувајќи на вонредната состојба со која се соочува општеството поради корона кризата.

„Предупредувачките штрајкови во време на пандемија се целосно погрешна алатка“, рече Јунг.

Сојузот на државни службеници соопшти дека штрајкот „не го нарушил“ нормалното работење на болниците.

Денеска се предвидени предупредувачки штрајкови во државите Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Баден-Виртемберг, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн, а во другите провинции се планираат до крајот на неделава.

Вториот круг преговори завршил за време на викендот во Потсдам без договор, а третиот круг преговори е најавен за крајот на октомври.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер