Што треба да се случи за да Куманово се стави во Карантин? 1000 заболени на ден ли?

Ако во Дебар на 6ти Март се регистрираа првите заболени со корона, а само 7 дена подоцна општинта беше во карантин, која е логиката далеку поголемото и пофреквентното Куманово да не се „затвори“?  

Утре во 5 наутро завршува викенд карантинот, што остава неверојатна можност огромен број на граѓани кои се носители или заразени со корона да почнат да „роварат“ низ Македонија.
Одлуката за запирање за меѓуградскиот превоз, ги остава приватните возила слободно да се движат, што претставува мобилна „вирусна бомба“. Без никаква контрола, многу луѓе кои имаат деловни и приватни обврски, а несвесни за нивната состојба, можеби морално и етички ќе одговараат за несвесно ширење на заразата.

Едноставно, не е јасно како е можно Кризниот Штаб на Македонија да не ги согледува овие моменти, кои ќе бидат директна причина за нова, поостра крива на заразени?

Ако здравјето е приоритет на сите одговорни во оваа држава , прв и итен следен чекор мора да биде - ставање на општината Куманово во целосен карантин. Во спротивно, никој потоа нема да може да гарантира за нагорното движење на кривата, ниту пак за нашето здравје. А тоа е веќе неодговорно!

Затоа - Lockdown of Kumanovo now!

притисни ентер