Љупчо Пренџов:
- Жално е за гледање како дојде до дереџе една маргинална партија со многу чудни идеји и визии за Македонија е предводник на опозицијата а овие им ги поддржуваат законите и им ги гласаат истите, ова се гледа на секоја седница во Собранието.
- Законот за правична застапенот ќе биде, многу обемен, треба да опфати и социјално загрозени категории, треба да опфати жени од внатрешноста што не остваруваат право на работа, ќе биде пратен до Венецијанска комисија и потоа ќе се гласа во Собранието.
- Она што ми ја вреѓа интелигенцијата е тоа дека законското решение за кое до сега никогаш не сме разговарале во Собранието сега е причина што Таравари одлучил нешто друго да прави.
Халил Снопче:
- Не беше корумпирана Владата само по 2021 година, беше и во 2017, зошто Касами направи тогаш коалиција и заедничка листа со СДСМ?
- Ние сме единствена партија што сме анти-дуи, кога дадовме поттик за уставните измени за ЕУ и за да го бутнеме режимот на Груевски, само тогаш ги поддржавме.
- Никој во Вреди не зборуваше за обединување во една партија се додека бевме заедно, во моментот кога донесовме одлука за самостоен настап на советнички листи, тие за 24 часа се обединија, значи не бил проблемот ДУИ, проблемот бил АА.
Славјанка Петровска:
- Ако некој од опозицијата предложи закон, тој однапред е осуден на пропаст, дури и да е најдобриот.
- Од пакетот закони во правосудството и тој рез најавуван на големо, ништо нема до денеска.
- На ветени проекти и пост-изборно во институциите со кои раководат немаат капацитет ниту ветувањата да си ги исполнат.