Штипските такси компании работат со помал број на возила

Штипските  такси компаниите чекаат да се објави одлуката на Собранието на Република Македонија, со цел оние возачи кои се уште имаат сообраќајни дозволи со Република Македонија да можат да возат и се вклучат во рабоатата на такси компании.

Претседателот на Здружението на такси компании во Штип, Глигор Арсов денеска изјави дека во наредните седум до осум дена, додека одлуката не стане правосилна на терен ќе имаат помалку од 30 до 50 % такси возила помалку низ општината.

-Па денес најверојатно штом е изгласано во Парламентот, евентуално ако се чека некој законски рок да излезе во Службен весник имаме некој период од седум дена, за да тоа профункционира нормално до 31 декември. Верувам дека во тој период сите професионални возачи да си го решат проблемот со возачките дозволи. Најверојатно ќе бараме да имаме некоја привилигија меѓу првите да ги промениме возачките дозволи, вели Арсов.

Тој посочи дека проблеми со налепниците НМК, кои се лепат на регистарските таблички на возила немаат, бидејќи станува збор за такси возила кои се понови.

-Скоро сите возила се редовно регистрирани и немаме возила со стари регистарски таблички, рече Арсов.

Посочи дека Здруженијата на такси компании бараат либерализација на пазарот, со цел да имаат тарифи, а не општините, односно Советите на општините да одлучуваат дали ќе се зголеми или не цената на такси услугите.

-Целта е секој да се формира цена според својот возен парк, услуги, еве на пример за Штип немаме тарифи. Значи немаме тарифа за ноќно возење, тарифа за празници, немаме тарифа за делници. Тоа не е нормално во секоја држава се знае дека после 23 часот има една тарифа, исто и за празници, изјави Арсов.

Забележа дека во Штип ретко кој од такси возачите вози ноќна смена, токму поради тоа што нема тарифа, а имаат и помал број на возачи, бидејќи голем дел од професионалните возачи заминуваат да работат во транспортните компании.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

Силна експлозија одекна во Санкт Петерсбург

Гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов објави дека во областа Красногварде во тој град се случил „инцидент“ во кој делумно се оштетени балконите на две куќи, но дека нема повредени.

„Министерството за вонредни ситуации и припадниците на полицијата работат на местото на инцидентот во областа Красногварде. Нема повредени“, напиша Белглов на Телеграм.

Тој изјави дека станарите од тие згради се евакуирани, пренесува РИА Новости.

Силна експлозија го потресе рускиот град Санкт Петербург рано утринава, откако беспилотно летало удрило во станбена зграда, јавија локалните медиуми, а пренесува Раша тудеј.

Како што пренесува локалниот весник Фонтанка, експлозијата се случила во северниот дел на градот, а фасадата на станбениот блок е „сериозно оштетена“.

Весникот „Известија“ објави и дека во Санкт Петербург имало експлозија која оштетила две згради и дека нема жртви.

притисни ентер