Штип ја доби првата катна гаража во централното градско подрачје

Пуштена е во употреба првата катна гаража на улицата „Ванчо Прќе“, која се наоаѓа зад Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во првата катна гаража се инвестирани околу десет милиони денари.

-Рационално го уредивме овој простор, за паркирање на две нивоа. Станува збор за едно сообраќајно решение, со кое се дуплираа паркинг позициите и на оваа површина имаме корисни 55 паркинг места, кои веќе се во функција. Повеќе од десет милиони денари се инвестирани од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните, вели Јорданов.

Тој најави дека во текот на годината ќе се работи и на три локации, кои ќе бидат уредени, како катни гаражи во централното градско подрачје.

-Ќе се уредува паркинг простор на две нивоа, едната е веќе започната, веднаш до Стоковна куќа „НАМА“ и првата станбена зграда. Планираме во текот на оваа година да се започне и кај зградата „Промаја“, а којашто ќе биде паркирање на три нивоа, рече Јорданов.

Посочи дека општината со изградбата на новите катните гаражи ќе обезбеди повеќе од 150 паркинг места во централното градско подрачје, со што ќе може и да се реализира и проектот улицата „Ванчо Прќе“ да биде пешачката зона. Овој проект очекува да почне со реализација во втората половина на 2024 година.

Прашан за градежните активности на катната гаража кај Стоковната куќа „НАМА“ кога ќе почнат, Јорданов со одговор дека денеска или утре очекува да се отсрани подземната цистерната со нафта на оваа површина, по што економскиот оператор ќе почне со градежните активности. Вредноста на оваа катна гаража е околу пет милиони денари.

Уролозите бараат и вакцината BSG да се стави на позитивната листа на лекови

Вакцината BSG која е имуно терапија за оперираните пациенти со тумор на бешиката да се стави на листата на позитивни лекови, бара Македонското здружение на уролози и пациентите кои имаат ваква состојба. 

Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.

„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. и од 2.13 Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор. “-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија

Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.

„ Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И од 5.29 И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.

Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Во моментов има само еден авион за гаснење пожари, за среќа дождот стави крај на стихијата

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума.

Иако благодарение на дождот, сите пожари во земјава се изгаснати, во случај повторно да се појават државата ќе биде исправена пред нов предизвик.. Двата ер трактори и еден полициски хеликоптер се вон функција, и во моментов во земјава има само еден авион за гаснење.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пак вели дека дефектите на едниот полициски хеликоптер и ер трактор не се сериозни и се надева дека во најбрз можен рок ќе бидат оспособени за да одговорат на задачите во иднина.

Во следните месеци се очекува да биде направена и најавената реформа на системот преку спојување на ЦУК и ДЗС и државата поподготвена да го дочека следното лето. Покрај формирањето на специјалната единица од 120 врвно подготвени луѓе за справување со пожарите, неопходно ќе биде и инвестирање во воздухпловите кои се покажаа како клучни во гаснењето, смета Ангелов.

Досега во земјава се регистрирани 126 шумски пожари, кои направија штета од невидени размери, а беше регистрирана и една жртва од огнената стихија во Кумановско.

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума, односно 3.6 проценти од вкупната површина на земјата.

Во Шангај откажани над 600 летови поради тајфунот Бебинца

Аеродромите во Шангај денеска откажаа стотици летови во очекување на налетот на тајфунот Бебинца.

Повеќе од 600 летови се откажани од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Исто така се затвораат и дел од мостовите и автопатиштата.

Тајфунот Бебинца моментално е на неколку стотици километри од брегот. Се очекува ветровите на тајфунот вечерва да достигнат брзина од 151 километар на час, соопшти Кинеската метеоролошка управа.

Поради тајфунот евакуирани се 9.318 луѓе од една област во Шангај. Во блискиот град Жоушан утрово беа затворени рестораните, супермаркетите и продавниците, а во прекин е и јавниот превоз.

Се очекува невремето да донесе и до 254 милиметри дожд на метар квадратен, во делови од источниот брег кои ќе бидат најтешко погодени./МИА

притисни ентер