Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари

Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направи штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја направија комисиите, а прилепските советници денеска го усвоија извештајот.

Беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Беше зафатена површина од 1.085 хектари, а најпогодени беа површините со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и со тутун.

До комисијата за проценка на штети биле поднесени 279 барања од кои 11 се отфрлени како некомплетни.

Извештајот треба да биде доставен до второстепената владина комисија.

На денешната седница советниците го прифатија и извештајот за извршување на општинскиот буџет за вториот квартал. Констатирано е дека биле остварени 46,9 проценти од планираните приходи. Меѓу другото, беа прифатени и извештаите за работата на прилепските основни и средни училишта во претходната, како и програмите за новата учебна година. /МИА

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер