Шпољарич Егер ќе биде првата жена на чело на Меѓународниот комитет на Црвениот крст

Швајцарката Мирјана Шпољарич Егер ќе биде првата жена што ќе биде претседателка на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ), соопшти денеска ИЦРЦ.

Шпољарич Егер на 1 октомври 2022 година ќе го замени Питер Маурер, кој е директор на Регионалната канцеларија за Европа и Заедницата на независни држави на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Маурер ќе замине од функцијата во септември 2022 година, кога се навршуваат десет години од неговото претседателствување со организацијата формирана во 1863 година во Женева од Анри Динан.

Претседателскиот мандат е четири години и може да се обнови.

– Голема чест и одговорност е да бидам избрана за претседател на организација на која долго и се восхитувам поради нејзината возбудлива мисија низ светот, истакна Шпољарич Егер.

Таа вети дека ќе ги заштити хуманитарните вредности на организацијата и оти „ќе се залага за потребите на најранливите". Шпољарич Егер е искусена дипломатка. Таа била на голем број позиции во швајцарското Министерство за надворешни работи во Њујорк и во Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА).

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер