Шпанска порно ѕвезда голем фан на Баерн Минхен

Контроверзната шпанска порно актерка Мариа Липерда признава дека на престојаниот полуфинален дуел од Лигата на шампоните меѓу Баерн и Барселона ќе навива за гигантот од Минхен.



Некогашната голема навивачка на Барселона сега го смени мислењето и стана фан на германскиот гигант.

Порно ѕвездата веќе се сликаше во дресот на Баерн Минхен, контроверзната Мариа го смени омилениот клуб ,поради тоа што во следната на клупата на баварците ќе седи нејзиниот омилен тренер и љубимец Пеп Гвардиола.

Седумгодишно девојче продава лимунада на улица, за надгробен споменик за мајка си (ВИДЕО)

Девојче од Алабама собрала доволно пари на штанд за лимонада за да ѝ обезбеди на мајка си соодветен надгробен споменик.

Седумгодишната Емори Џонсон ја изгубила својата мајка Карли Борднер неочекувано на 13 март, според округот Џексон Сентинел, објави Њујорк Пост.

Карли починала само неколку дена пред нејзиниот 30-ти роденден и била погребана неколку дена подоцна. Првиот пат кога Емори отишла на гробиштата во Гантерсвил со нејзината баба Џенифер, била вознемирена бидејќи нејзината мајка немала надгробен споменик.

„Изгледаше како да е заборавена“, изјавило девојчето за CBS News. Бабата ѝ објаснила на внуката дека семејството не може да си го дозволи тоа. Емури веднаш дошла на идеја да собере пари за надгробната плоча со отворање на штанд за лимонади, изјавила гордата баба.

Штандот започна со само четири лимони, но донациите брзо се надополнуваа. Емори на почетокот никому не ја кажа својата причина, но се слушна и еден куп добри Самарјани се упатија кон штандот. Иако цената на една лимонада била само 1 долар, минувачите често давале многу повеќе.

Благодарение на публицитетот, компанијата за споменици понудила да донира соодветна надгробна плоча, споделија Bordners во објава на Фејсбук. Собраните 15.000 долари на штандот сега ќе помогнат да се покријат трошоците за погребот.

@cbseveningnews When 7-year-old Emouree Johnson's mom died unexpectedly, her family couldn't afford a granite tombstone. That's when she started a lemonade stand to help her family pay for one, and when word spread to the community, she raised over $15,000. #goodnews #alabama #positivity #hopecore #real #lifeisbeautiful #lemonade #children ♬ original sound - CBSEveningNews

Емори се уште е изненадена од тоа колку луѓе излегоа да ја поддржат неа и нејзиното семејство. „Не знаев дека само малку лимонада ќе донесе толку многу луѓе во мојата куќа. Забавно е, но во исто време е и неверојатно“, рече таа.

Почна предизборниот молк, во текот на денот ќе гласа дијаспората, болните и затворениците

Во среда Македонија гласа на седмите по ред претседателски избори.

Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список.

Во текот на денот ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.

Во посебниот избирачки список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи. 534 лица се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување а две лица се водат како внатрешно раселени.

Гласањето за претседател започна во саботата – први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат 2.571 наши државјани, кои се пријавиле за гласање.

Џенифер Лопез „ја уловија“ папараците во Њујорк без шминка (ФОТО)

Џенифер Лопез неодамна привлече внимание за време на состанок во Њујорк.

Фотографите ја уловија на лежерен начин - носеше тренерка, чизми и очила за сонце и немаше шминка.

Неодамна 54-годишната актерка предизвика и коментари откако фотографите ги објавија нејзините немонтирани фотографии. Таа носеше широки фармерки кои ги искомбинира со црн кроп топ, покажувајќи го стомакот. Многумина тогаш пишуваа дека Џеј Ло изгубила многу килограми. Внимание привлече и острата линија среде стомакот, за која многумина мислат дека е резултат на естетска хирургија или липосукција.

Сепак, на социјалните мрежи нејзиниот стомак изгледа многу поинаку, па фановите под неодамнешните објави ја обвинија дека уредува фотографии во фотошоп.

притисни ентер