Шпанија забрани трајни отпуштања од работа за време на кризата

Владата на Шпанија вчера им забрани на работодавците трајно да ги отпуштаат работниците додека трае вонредната состојба поради коронавирусот, наложувајќи им дека имаат правна основа за привремено прекинување на договорите за работа.

Шпанската влада им забрани на работодавците трајно да ги отпуштаат работниците додека трае вонредната состојба поради коронавирусот, наложувајќи им дека имаат правна основа за привремено прекинување на договорите за работа.

„Епидемијата со коронавирусот е виша сила, а финансиските или производствените проблеми не можат да бидат жртва на оваа ситуација ,затоа што воведовме јавни пари за помош и законски опции за привремено откажување на договорите“, рече министерката за труд Јоланда Дијаз на прес-конференција по министерскиот состанок.

Владата донесе законска мерка што може да стави вето на трајните отпуштања додека во земјата е прогласена вонредна состојба.

Министерството за труд ќе ги разгледа сите примени процедури за компаниите да не ја искористат оваа состојба за трајни отпуштања на оние што немаат никаква врска со коронавирусот, рече министерката.

Илјадници затворени и прекинати продажни објекти претрпуваат големи финансиски штети, додека владата се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот со ограничување на движењето на 47 милиони луѓе. Меѓутоа, работниците стравуваат од отпуштање од работа.

Во Шпанија, во случај на „виша сила“, како што е вонредната состојба на 14 март, компаниите можат да го отворат Expediente de Regulación Temporal de Empleo (ЕРТЕ).

Тие нема да смеат да ги отпуштат работниците до крајот на вонредната состојба, која ќе трае барем до 11 април. Дотогаш, тие ќе добијат бенефиции за невработеност, и кога вонредната состојба ќе заврши, компаниите мора да ги вратат на работа со целосна плата.

Бургер Кинг, Сеат, Иберија, Ер Европа и Фолксваген го сторија тоа во последните неколку недели.

Синдикатите стравуваат дека компаниите нема да ги вратат работниците кога ќе помине вонредната состојба, што би можело да продолжи и по 11 април.

Министерката Дајаз сака да обезбеди нивно враќање. Таа исто така рече дека компаниите кои неоправдано ја користат ситуацијата со привремени отпуштања со цел државата да ги исплати од буџетот, ќе треба да ги вратат парите доколку бидат откриени отпуштања.

Уште порано, владата усвои финансиски пакет за да им помогне на проблематичните компании. Ќе бидат достапни државни гаранции, заеми и субвенции.

Привременото суспендирање на работните договори, исто така во рамките на ЕРТЕ стандардот, го користат спортските клубови уште од петокот затоа што сите натпревари се откажани до понатамошно известување и тие не добиваат никакви телевизиски права,средства од билети и сувенири.

Барселона, Еспањол и Атлетико Мадрид најавија намалување на платите.

„Едноставно станува збор за намалување на работното време на спортистите и вработените, што пропорционално ќе ги намали нивните плати “, соопшти ФЦ Барселона, додавајќи дека повторно ќе добијат целосна плата кога ќе заврши вонредната состојба.

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер