Шпанија стана светска плантажа на марихуана, во производството вклучени лица од регионот

Во последните пет години, Шпанија стана глобална плантажа на марихуана, со зголемена побарувачка на дрога и зголемено присуство на криминални организации, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на податоци на полицијата.

Во последните 14 месеци, националната полиција уапсила 3.695 лица и запленила 25 тони марихуана.

Ова е еден од главните резултати на Зелената операција (Операција Верде), акција што ја започнала шпанската полиција во февруари 2019 година со поддршка на Интерпол и Европол, за спречување на садењето и трговијата со марихуана во Шпанија од страна на криминалци од различни делови на Европа.

Досега, повеќе од 2.000 полицајци учествувале во операцијата, откривајќи 800 насади и исто така запленета е дрога вредна 7,6 милиони евра, објави вчера националната полиција.

Рубен Хименес, главен инспектор на Централната бригада за контрола на дрога, вели дека операцијата била спроведена откако полициските истраги во Велика Британија, Холандија, Франција, Србија, Италија и Португалија секогаш укажувале дека централната точка на испораката на дрогата е Шпанија.

"Европските криминални организации купуваат марихуана во Шпанија директно од луѓе кои ја одгледуваат таму. Тие се претежно Шпанци, но има и кинески групи, полски и албанско-косовски", изјави Хименес за ЕФЕ.

Со прекин на производството во Шпанија, полицијата се обидува да ја уништи почетната гранка на трговијата што води кон разни делови на Европа.

„Марихуаната е лесна за одгледување, тоа е како да се садат домати“, изјави портпаролот на Цивилната гарда на Барселона кога полицијата открила во Каталонија 12.600 растенија марихуана и 190 килограми преработена марихуана во септември.

"Во тоа време, претежно беа Срби кај кои наоѓавме лажни хрватски и словенечки документи. Марихуаната се одгледуваше во Каталонија, во близина на границата со Франција, со цел да се олесни прекуграничниот патен транспорт до делови од Европа каде што имаа контакти, т.е. клиенти", рече тогаш портпаролот за најголемата заплена оваа година во Каталонија. Во тоа време биле приведени еден државјанин на Хрватска и една од БиХ.

Засадувањето марихуана во Шпанија не е нешто ново, но количината е зголемена во последните години. Пред неколку децении, хашиш и марихуана доаѓале од соседен Мароко, но сега производството е во земјата што ги намалува трошоците за превоз на криминалците.

Хименес вели дека јужниот град Малага историски бил едно од „жариштата“ на надворешното производство поради поволните климатски услови. Еднакви услови се наоѓаат во широк дел од шпанскиот југ.

Килограм марихуана чини околу 1.700 евра, според агенцијата ЕФЕ.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

притисни ентер