Шпанија прогласи вонредна состојба до мај, Каталонија забрани влез

Каталонија денес воведе 15-дневна забрана за влез и излез од нејзината територија со надеж дека ќе го запре коронавирусот, а шпанската влада прогласи вонредна состојба што ќе трае до 9 мај.

Каталонија, североисточната покраина со население од 7,5 милиони жители, е едно од жариштата на смртоносниот коронавирус во Шпанија. Локалната власт веќе воведе строги мерки како што е 15-дневно затворање на кафулињата и рестораните, кои сега ќе бидат продолжени за дополнителни две недели.

Од петок на полноќ се откажуваат сите културни настани и воннаставни активности на учениците. Полицијата треба да ги контролира патниците и да ги пушта само оние со добра причина и потврда.

"Време е да се запрат социјалните настани. Време е да останеме дома за да можеме да одржуваме само клучни активности како што се настава во училиште, трговија и работни места што не можат да се вршат од дома", рече каталонскиот премиер Пер Арагонес во јавното обраќање во Барселона.

Каталонија е една од најбогатите делови на земјата благодарение на развиениот туризам и индустријата.

Владата таму ги објави најновите мерки во време кога шпанскиот парламент во Мадрид расправа за повторно воведување на вонредната состојба во Шпанија.

Владата на премиерот Педро Санчез прогласи вонредна состојба до 9 мај, за кое време секоја од 17-те автономни покраини ќе може да наметне свои ограничувачки мерки.

"Ние сме свесни дека жителите се уморни по напорите што ги вложија сите овие месеци и поради жртвите што ги дадоа. Жителите не можат повеќе да ги прават работите што ги правеа порано, да ги гушкаат луѓето, членовите на нивните семејства и пријателите", рече министерот за здравство Салвадор Ила за време на обраќањето во парламентот.

„Но, сега не е време да ги ублажиме мерките бидејќи пред нас се екстремно тешки недели и месеци“, додаде тој.

Шпанија сочинува 1,1 милиони од вкупно 9,5 милиони пациенти во Европа. Од март досега во земјата починале 35.466 луѓе.

Охрид СОС ја достави до Владата петицијата за спас на Преспанското Езеро

 Здружението Охрид СОС достави 5.522 потписи од петицијата „Барање за преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро" до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Потписите, како што соопшти Здружението, биле собрани во период од 25 септември до 25 ноември, а петицијата е поддржана од 31 граѓанска организација.

– Во прилог кон потписите беше доставен допис, во кој се осврнавме на активностите за кои дознаваме преку соопштенијата на МЖСПП, како и дописот кој Министерството го испрати до нас на 28 септември. Од тогаш, па до денес забележуваме напредок во однос на експертската група, која работи на изготвување акциски план, стои во соопштението.

Забележуваат дека нема информација за трилатералното тело, кое, како што е наведено, треба да работи на координирани мерки и активности со оглед на тоа што Преспанско Езеро припаѓа на три држави. Сооред соопштението на Охрид СОС, не се реализирала ниту најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив која била најавена за 1 октомври годинава.

– Го повторивме барањето за посветена страница со сите поврзани документи, тајмлајн, каде секој, во секое време ќе може да се информира за состојбата, најновите сознанија, мерките, што точно се работи и каков е напредокот. Ја реафирмиравме и потребата од прогласување кризина состојба за непречено и ефикасно спроведување на мерките, како и интензивирање на прекуграничната соработка и дефинирање на работни задачи до крајот на годината. Очекуваме акциски план, кој беше најавен за крајот на ноември, а за кој сè уште нема информација, да биде објавен и ставен во акција час поскоро, посочуваат од Охид СОС.

Петицијата, како што е нагласено, е отворена и Охрид СОС повикува на поддршка со цел да се најде одржлив начин на управување за Преспанското Езеро.

Кандидат со име Адолф Хитлер победил на избори во Намибија

На локалните избори во Намбија е избран еден кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54 годишен Намбиац, Адолф Хитлер Уунона, освоил 84,88 отсто од гласовите во дисктиктот Опунџа во регионот Ошана, на сверот од Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „СВАПО“, со која победил на актуелните регионални избори.

Тој за „Билд“ објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„Очигледно мојот татко не разбирал кој бил Адолф Хитлер“, реко тој.

Вели дека, додека бил дете, името му било сосема нормално, се додека не пораснал и дозјал чие име носи.

„Со сите тие работи кои ги правел тој човек чие име го носан немам никаква врска“, вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона изоставувајќи го Хитлер.

Рекол дека името не може да се промени затоа што се наоѓа во сите негои официјални документи.

„За тоа е сега доцна“, додал тој укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешна германска колонија, било сосема нормално.

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско

Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време.

-При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати шест гости, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека З.А. е задржан во полициската станица во Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија".

притисни ентер