Шмид: Одлуките донесени во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на ОБСЕ - Канал 5

Шмид: Одлуките донесени во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на ОБСЕ

Шмид посочи дека одлуките кои беа донесени од земјите-членки во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на Организацијата.

Шмид: Одлуките донесени во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на ОБСЕ

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид денеска на завршната прес-конференција на маргините на 30. Министерски совет на ОБСЕ посочи дека одлуките кои беа донесени од земјите-членки во Скопје ќе овозможат успешно продолжување на работата на Организацијата - овозможување стабилност, сигурност, човекови права и фундаменталната слобода на луѓето.

-Јас ќе ја сработам својата задача како генерална секретарка исто како и моите колеги од останатите три институции, бидејќи ова не е за нас, туку за луѓето. Ние сме тука да ја пренесеме целта на Организацијата. ОБСЕ денес е успешна организација. Предизвик е во моменталните услови да се најде заеднички јазик за секоја тема, но нашата Организација се темели на принципи и вредности речиси 50 години, рече Шмид.

Како што посочи, целта на Организацијата не е само да се адресираат моменталните предизвици, туку да се повикаат сите учесници на одговорност. Ова, потенцира Шмид, го потврди и претседавачот Бујар Османи изминативе два дена.

Таа подвлече дека сите 57 земји членки одлучија да ја изберат Малта за иден претседавач, и токму ова ќе го овозможи континуитетот кој ни е потребен да се задржи Организацијата.

-Јас како генерална секретарка на ОБСЕ ја поддржувам одлуката за идниот претседавач, додаде Шмид.

Таа се осврна и на мотото кое беше избрано оваа година - „За луѓето“ и посочи дека истото е многу соодветно и одговара на работата која ја извршува ОБСЕ.

-Се она што го работиме, дали е тоа работата во однос на спречување на корупција и организираниот криминал, мониторирање на изборите или зголемување на безбедноста, нешто што неуморно го работиме и ги адресираме овие проблеми до граѓаните, ние исто така се залагаме за безбедноста на жените новинарки, се загаламе за основните човекови права, и сето тоа е само за една цел, а тоа е поддршка на луѓето - и на мажите и на жените, посочи Шмид.

Таа потенцираше дека Малта игра важна улога во задржување на мирот и безбедноста и верува дека ќе ги примени иститите вештини во нејзиното лидерство како претседавач следната година.

-Со нетрпение очекувам да работам со вас и вашиот тим и вие може да да сметате на нас, рече Шмид на заедничката прес-конференцијата со новиот претседавач со ОБСЕ, Јан Борг, министер за надворешни работи на Малта и со сегашниот претседавач Бујар Османи.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер