Шилегов: Нема согласност каква било тешка индустрија да се развие во рамки на Железара

Деталните урбанистички планови што вчера беа предмет на јавна расправа во Општина Гази Баба се уште не се доставени на мислење до Град Скопје.

Ние сме со став дека во нашиот град воопшто не е веќе потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Градот нема согласност каква било тешка индустрија да се развие понатаму во рамките на комплексот на Железара. Но, ќе го дадеме нашето стручно мислење, комисијата на Градот во моментот кога до нас ќе бидат доставени ДУП-овите. По редот на нешатата тоа доаѓа по јавната расправа, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на депонијата меѓу Визбегово и Шуто Оризари, Шилегов изјави дека тој дел е целосно исчистен.

– Ние не можеме перманентно да го чистиме делот, а некој друг да го генерира отпадот, зајакнати се таму инспекциските служби. Не можеме ние веднаш да исчистиме, некој утре да генерира отпад таму и да дежураме таму со нашите машини. Направен е записник и дронски снимки од целокупната депонија во Визбегово и ќе може да видите дека е целосно уредена согласно добиените средства, но нема да дозволам повторно да се генерира нов комунален отпад, нема намера Градот Скопје да биде чистач на нечии неисполнувања на законските обврски. Комуналното претпријатие на Шуто Оризари отпадот треба да го депонира во Дрисла, рече Шилегов.

Прашан кога ќе се среди салата „Партизан" во Чаир, градоначалникот рече дека е изработена целосна градежна документација спремна за тендерирање и оти во текот на есента веројатно ќе биде готова. Најави дека пролетва ќе влезат во имплементација на третата фаза и целосна реконструкција на улицата „Индира Ганди".

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер