Шестмина чувари од „Шутка“ во самоизолација, притворениците фрлале пластични чинии

 Чиниите биле пластични и ги користеле притворениците од своите соби.

Ситуацијата во истражниот затвор Шутка е под контрола , велат затворските власти по видеото на кое се гледа како притворениците во знак на револт, а по веста дека кај починатиот од затворот е утврдено дека бил заболен од корона, фрлаат чинии од прозореците.

 Чиниите биле пластични и ги користеле притворениците од своите соби, објаснуваат од управата за извршување на санкции.

Денеска од министерството за здравство изјавија дека во затворот направени се прегледи и земени се брисеви за тестирање од 30 привореници.

,,Во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, велат од Министерството за здравство.

6-на од затворската полиција се испратени во домашна изолација и ќе им се прави тест за корона бидејќи имале контакт со притворениот. 47-годишниот притвореник позитивен на корона вирус починал од срцев удар, а тест му направиле постхумно.

Во истражниот затвор бил од 8 март, а според управата за извршување на санкции  мерките на комисијата за епидемиолошки болести се почитуваат од нивното воведување-новите притвореници се одделувле од старите.

Канал 5 вчера објави дека починатиот бил во ќелијата заедно со уште тројца, а бил дел од групата осомничена за измама со јаболка од Ресен. Притвореникот не пријавил претходно никакви симптоми на вирусот, изјави министерот за здравство.

притисни ентер