Шести „Пиволенд 2013“ на старата локација под Калето

Околу 40 видови домашно и странско пиво ќе понуди годинашниот шести по ред „Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2013“, кој ќе се одржи од 11 септември до 15 септември, на старата локација - скопското Кале.


Традиционално и оваа година фестивалот е во организација на компанијата „Темов“, а под покровителство на Градот Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на денешната прес-конференција ги покани сите граѓани на Скопје, но и граѓаните на другите градови во државата, да го посетат Пиволенд 2013.

- Сите љубители на пивото на овогодинашниот фестивал ќе можат да дегустираат околу 40 видови пиво, домашни и странски, како и да уживаат во големиот избор македонска традиционална храна од десет различни ресторани. Оваа година фестивалот ќе има четири стејџа со различен тип на музика, и тоа: главниот стејџ, ДЈ стејџот и кавер бенд стејџот, истакна градоначалникот Трајановски.

На четвртата сцена, која ќе биде во надлежност на радио МОФ, ќе настапат алтернативни музичари и ДЈ-и од Македонија и ќе биде одлично надополнување на веќе најавената музичка програма.

Организаторот на манифестацијата, Пане Темов потенцираше дека покрај германски, чешки и белгиски пива, годинава првпат ќе може да се дегустираат и пива од Англија.

- Фестивалот на пивото, Пиволенд, годинава на барање на посетителите се пресели повторно на Скопското кале, а како и секоја година до сега така и оваа акцентот го става на македонските пива, македонската храна и македонската музика. Првпат оваа година пивопијците ќе можат да дегустираат девет видови пиво од Англија, меѓу кои е и официјалното пиво на мега популарната група Iron Maden, рече Темов.

Во петте фестивалски денови ќе можат да се проследат најголемите домашни ѕвезди како Тамара Тодевска, ДНК, Тони Китановски и Васил Хаџиманов, Нокаут, Визија, најдобрите македонските ДЈи: Гоце (саф), Славе, Мирко Попов, Ајсберг, Роботек, Лефанк, Гејм овер и Чваре, како и најдобрите наши кавер изведувачи меѓу кои Бени нон стоп, Ај Кју, Пеперминт Босса нова, Лабаво Лавабо и многу други.

Посетителите ќе можат да ги проследат и настапите на регионалните ѕвезди-Електрични оргазам, Едо Маајка, Постолар Трипер и Викеда.

Влезот на фестивалот е бесплатен. Цените на пивата ќе се движат од 40 денари за македонско пиво во чаша од 0,4л, лименка од 0,5л-50 денари, додека најскапите и ексклузивни странски брендови пиво ќе чинат околу 200 денари. Препораката од организаторите до посетителите на Пиволенд 2013 е „да ги одморат“ своите возила и да дојдат со градски превоз, пеш или со велосипед, да конзумираат одговорно и да уживаат во вкусот на различните пива, храна и добрата музика.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер