Шести ден нема трага од 14- годишната Вања

Шестти ден продолжува мистеријата за исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска. 

Фотографијата на девојчето е секаде прва објава на сите медиуми во Македонија и во сите земји во регионот со апел да се помогне.

Од полицијата велат дека истрагата продолжува со интензивни активности и информации ќе има штом се расчисти случајот.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски вели дека состојбата е многу загрижувачка.

Истрагата треба да продолжи во правец и на места, и со луѓе кои биле посетувани контактирани во истрагата повторно да се проверуваат. Сите специфични објави од луѓе по социјални мрежи да се проверат. Тој вели дека има многу верзии за исчезнувањето и треба сите длабински да се испитуваат. Додава дека мобилниот телефон не може да има сигнал ако е под вода, во врска со шпекулациите и потрагата во реката Вардар и можноста девојчето да е удавено.

Министерот Оливер Спасовски во собрание на пратенички прашања одговори дека нема апсолутна потврда дека Вања била во близина на ресторан кај Универзална сала . Министерот посочи дека исчезнувањето било пријавено од страна на нејзиниот татко околу 11 часот во понеделникот. Како еден од идентификаторите за нејзиното движење е мобилниот телефон, за што семејството велеше дека последен пат сигнал од телефонот е лоциран во близина на универзалната сала.

Министерот Оливер Спасовски на прес конфернција објасни дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сите сведоци прегледани се видеа од 50 камери, пребарано е коритото на реката Вардар, манастири и дека истрагата продолжува.

Во интерес на истрагата тој објасни дека нема да се даваат никакви детаљи.

Вања исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот и по јавување од нејзината класна кај мајката Зорица, објаснуваќи дека Вања не е во училиште. Мајката изјава дека се соменева во киднапирање на ќерката.

Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција.

Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

„Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва“, додаде Зеленски.

- Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.

- Сега е важно сè да не оди според планот на Путин, според кој тој сака да стори сé што е можно за да ги претвори преговорите во билатерални (со САД ), рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, важно е САД и Украина да подготват план за ставање крај на војната пред да разговараат со Русија.

Зеленски инсистира на средба со Трамп пред американскиот претседател да се сретне со Путин. Ова доаѓа и покрај тоа што Трамп вчера изјави дека очекува да се сретне со рускиот лидер во иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Украина најави дека работи на организирање средба меѓу Зеленски и Трамп, но засега ништо конкретно не може да се соопшти.

Зеленски додаде дека во телефонскиот разговор со Трамп не разговарал за прашањето за членство во НАТО, иако рекол дека знае дека САД се против оваа идеја.

Украинскиот претседател, исто така, се обиде да го минимизира значењето на повикот на Трамп до Путин вчера пред средбата со него, велејќи дека се чини дека тоа не е знак за вистинските приоритети на Вашингтон, но додаде дека сепак е „непријатен“./МИА

Стоилковиќ: Тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ за судството се мали скрипти,а на СДСМ се огромни томови

„Судскиот совет воопшто нема да беше споменуван во јавноста доколку си ја вршеше добро својата работа.“

Моменталните околности кај нас не се погодни за спроведување операција од пошироки размери. Најавите за промена на грбот само ќе предизвикаат да се направи спирала на дестабилизација и да се отворат многу прашања.Судскиот совет, воопшто нема да беше споменуван во јавноста и во медиумите доколку си ја вршеше добро својата работа. Тефтерчињата на ВМРО-ДПМНЕ за судството се мали скрипти, а на СДСМ се огромни томови. Притисокот на Премиерот во однос на корупцијата е сериозен, најважно е да се знае дека тој ќе пружи рака - да знае дека ќе му биде отсечена. Многу лесно се излегува од игра, светот станува многу брз особено за политичарите, рече Иван Стоилковиќ во Само Интервју

Павле Трајанов во понеделник во „На кавга со Иван“

Отсекогаш ме фасцинирала сензацијата, феноменот на Павле Трајанов, односно неговата парапсихолошка состојба да предвиди која коалиција/партија ќе победи на следните избори.

И да, точно е, во понеделник на 17.02.2025 год. во 23.00 ч. “на кавга со Иван” се враќа на нашата програма , а честа да ја отвори втората полусезона му припадна на “вечниот” Павле.

Бич член на МК верзијата на “8мината на Оушн” а кратко време беше прв “пендрек” на Македонија се дур ЉуБчо не одлучи да го отстрани.

Го сметаат за голем познавач на безбедносните прашања, за љубител на нафтата но е и признат меничар.

Аххх, да…во некои македонски езотерични политичко-медиумски кругови има прекар на едно убаво нежно цвеќе…

Да не се лажеме, јас да сум на ваше место ни на сон не би ја пропуштил “кавгата” со Павле.

Кој знае што ќе извади за мене, м?

#macedonia #kanal5tv #television #debate #quarrel #kavga

притисни ентер