Шенжен стана првиот кинески град да забрани јадење месо од кучиња и мачки

Шенжен стана прв кинески град што ја забрани продажбата и консумацијата на месото од кучиња и мачки.

Забраната е воведена откако појавата на коронавирусот е поврзана со месо од диви животни, поради што кинеските власти ја забранија трговијата и консумацијата на диви животни.

Шенжен отиде чекор подалеку, и ја прошири забраната и за кучиња и мачки. Новиот закон ќе стапи во сила на 1 мај.

Во Азија за месо годишно се убиваат триесет милиони кучиња, вели Хјуман Сосајети Интернешнл (ХСИ).

Сепак, практиката да се јаде кучешко месо во Кина не е толку вообичаена - мнозинството Кинези никогаш не јаделе и велат дека не ни сакаат.

притисни ентер