Шекеринска: Предметите на СЈО се безбедни со законот за ЈО политиката трга раце од правосудството

Денеска е и денот кога најпосле влегува во сила Законот за јавно обвинителство.

Овој Закон заедно со неколку други закони кои целосно ги усогласивме со препораките на Венецијанската комисија е нова шанса за правната држава кај нас. Ние со одлуката да предложиме и да избуткаме низ Собрание еден ваков Закон за јавно обвинителство покажавме дека најпосле судството го ослободуваме од партиските стеги, рече Шекеринска, додавајќи дека сега, на ред се обвинителите и судиите да покажат дека ќе се ослободат од сите оние кои што удрија печат на криминал, корупција и злоупотреби врз целото судство, ќе се прочистат и ќе покажат дека правдата може да функционира за сите.

Многу работи во државата се променија, но некои како ВМРО ДПМНЕ, за жал останаа исти. ВМРО ДПМНЕ и понатаму продолжи да ги блокира сите позитивни процеси за својата држава, ВМРО ДПМНЕ сè уште се обидуваше да става сопки на сето ослободување на судството од партиски стеги. ВМРО ДПМНЕ се уште се опира на шансата да се бориме против криминалот и корупцијата и ВМРО ДПМНЕ според оние бомби кои што успеавме да ги чуеме навистина до последен момент се трудело да го блокира законот за јавно обвинителство само за да ги заштити своите блиски, своите партиски луѓе, своите бизнис партнери од словото на Законот, нагласи Шекеринска.

Таа истакна дека ВМРО ДПМНЕ продолжува и понатаму да ги потценува и да ги плаши граѓаните и ВМРО ДПМНЕ сè уште бега од дуели, бега од соочувања и бега од ненарачани прашања, За ВМРО ДПМНЕ, МВР е сè уште МВРО.

Во Вевчани денеска ги гледаме резултатите на една многу агилна и активна локална власт која што успева со свои средства, со поддршка од планските региони, но и со поддршка на меѓународните партнери да изгради, да поправи, да реновира, многу од работите кои што останале заборавени во минатото, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Граѓаните покажаа дека сакаат државата да се променува на подобро. Ние покажавме дека знаеме и можеме да ја менуваме државата на подобро. Обезбедивме поправична држава, обезбедивме членство во НАТО, обезбедивме почеток на преговори со Европската Унија. Обезбедивме повисоки пали и повисоки пензии. Сега од 15 јули ќе ги удриме темелите на целосно правна држава во која законот ќе важи за сите и законот нема да може да се злоупотребува. Обезбедивме за прв пат политиката да ги тргне своите раце од правосудството. Ќе обезбедиме подобар живот и ќе понудиме нова шанса за сите граѓани во нашата земја, порача од Вевчани, носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Во последното деноноќие 15 починати, 173 новозаболени и 150 оздравени

Статистиката за состојбата со коронавирусот во земјава и понатаму бележи рекордни бројки.

Во последното деноноќие бележиме најмногу починати – 15, од кои осуммина се од Скопје.

За последните податоци околу епидемијата во живо ја вклучуваме Михаела Димовска.

Кои се последните податоци од здравствените власти ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

РСС ќе награди најдобри идеи за дигитални решенија во три области со по 10 илјади евра

 Регионалниот совет за соработка (РСС) распиша конкурс за најдобри идеи за дигитални решенија во три области кои ќе бидат наградени со по 10 илјади евра, понудени од компании или поединци од Западен Балкан.

– Конкурсот ќе трае до 12 јули, а се бараат иновативни идеи за предлог решенија во главните сегменти од туризмот, потоа за он-лајн настава и за он-лајн плаќања со целосна заштита на идентитетот на корисниците, соопштија од РСС.

Од Советот информираа дека можат да се пријават поединци или мали компании, центри за дигитални иновации, научно-технолошки паркови, универзитети и други. Наградените кои ќе бидат соопштени он-лајн на 16-ти јули, ќе можат да работат со ментори на реализација на нивните идеи.

Проектот наречен Балкантхон е финансиран од Европската унија. Повеќе информации можат да се најдат на линкот на РСС или на самиот проект Балкантхон.с

Ќе се прави скрининг на новинари и медиумски работници за КОВИД-19

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за КОВИД – 19. Скринингот ќе биде спроведен во два круга.

Во првиот круг, во период од три дена, ќе бидат опфатени најмалку 500 новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

Како што посочуваат од Министерството, во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот КОВИД – 19. Освен тоа, во ЗНМ било пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.

-Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од три дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг, појаснуваат од Министерството за здравство.

Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

притисни ентер