Шекеринска:Оваа 2020 година ги реализиравме стратешките приоритети

Оваа 2020 година е година на резултати кои во минатото само сме ги посакувале, 2020 година за секогаш ќе остане како година во која ние ги реализиравме нашите два стратешки приоритети.

Затоа 2020 година е и година за важна одлука што ќе се донесе на 15-ти јули, истакна на вечерашниот предизборен собир во Демир Хисар, носителот на листата во ИЕ5 Радмила Шекеринска од СДСМ и коалицијата „Можеме".

Стојам пред вас, рече таа, и ја барам вашата доверба за да го завршиме започнатото, да завршиме со градба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија.

-Пред само еден ден германската канцеларка Меркел излезе и кажа дека оваа година ги почнуваме преговорите со Северна Македонија, пред неколку дена ја добивме преговарачката рамка во која стои дека нашиот македонски јазик на кој твореле многу ваши сограѓани и ја пишувале најубавата поезија на македонски јазик, ќе биде службен јазик на Европската унија. Тогаш се поставува прашањето кој е патриотот, тој што го избриша македонскиот јазик од европските документи или тие што го вратија македонскиот јазик во европските документи, дали тие кои говорат или тие кои реализираат. За две и пол години направивме многу благодарејќи на вашата доверба затоа ве повикувам да ни дадете доверба за еден чист четири годишен мандат во кој ќе се видат сите плодови на темелот кој цврсто го поставивме, посочи Шекеринска.

Пред членовите и симпатизарите на СДСМ и коалицијата, Шекеринска нагласи дека на 15-ти јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава во која многумина се плашат, а неколкумина владеат со сила и насилство.

-Зад нас беа тешки овие две и пол години, но во тие две и пол години покажавме дека кога се сака, тогаш се може, кога се сака може да се влезе во НАТО и да се почнат преговори со Европската унија, но и да се враќаат парите кај граѓаните, да растат платите и пензиите…тоа беше нашата политика. Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси, да се чуваат работните места, да се обезбедат повеќе пари во домашните буџети, а кога се појави корона епидемијата од која страда цел свет, ние покажавме дека и тогаш кога е криза, кога е тешко, кога треба да се носат одлуки, потврдивме дека можете да знаете дека ќе го извлечеме најдоброто, истакна Шекеринска.

Вечерва од Демир Хисар, кандидатот за пратеник и носител на листата од коалицијата „Можеме" Јован Митрески повика на сплотеност и масовно гласање на 15-ти јули за, како што рече, и Марија Кочовска од Демир Хисар да биде избрана за пратеник./МИА

Барселона и Баерн Минхен нови четврфиналисти

Европските фудбалски гиганти Барселона и Баерн Минхен се нови патници во четврфиналето на елитната Лига на шампионите,

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ги комплетираше четврфиналните двојки.

Фудбалерите на Барселона местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампините го обезбедија со триумф над Наполи од 3-1 .

Головите за Барса ги постигнаа Ленгле, Меси и Суарез, почесниот погодок за тимот на нашиот Елиф Елмас го постигна Инсиња.

Во вториот вечерешен меч од осминафиналето во Лигата на шампионите германскиот првак Баерн Минхен извојува уште една убедлива победа над Челзи. Баварците како домаќини ги декласираа сините од Лондон со 4-1.

Во четврфиналето од Лигата на шампините ќе играат:

Лајпциг- Атлетико Мадрид.

Аталанта - ПСЖ

Манчестер Сини Лион

Барселона - Баерн Минхен

Видео: Ламброџини од картон!!

Милиони луѓе сонуваат да имаат скап спортски автомобил. Сништата се остваруваат ако доволно се верува во нив,со оваа изрека се водела група иновативни Виетнамци.

Поголем број од луѓето на Земјата никогаш во живото немаат можност да поседуваат скап автомобил од рангот на Ламборџини, ваков автомобил многумина никогаш и не виделе во живо. Но, неколку млади момчиња од Виетнам го олствариле својот сон, успеале да направат вистинско Ламборџини СВЈ Авентадор од картон.

Целиот проект ги чинел околу 500 долари, за споредба само цената на вистинскиот Ламборџини Авентадор е поголема од 500 000 долари.

Фото: Дара Бубамара со разголени фотки го налутила екс сопругот

Популарната пејачка Дара Бубамара под двенеделниот одмор со другарка во Грција одлуила да замине и во Монако.

Провокативната Дара на оваа луксузна дестинација одмарала уште десетина дена, за тоа време нејзиниот екс сопруг Милан се грижел за синот Коста.

Поранешниот сопруг многу се налутил кога слушнал дека неговата екс сопруга се подготвува за уште еден одмор.

„Кога нејзиното поранешен слушнал за новиот план, полудел и лути и рекол дека тој веќе нема да му биде дадилка на синот, дека ќе мора и Коста да замине со мама на одмор. Од каде ти е идејата цело лето да патуваш со другарките, ако планираш да одиш на уште еден одмор ќе го водиш и Коста!Додека јас го чувам синот ти се соблекуваш и фоткаш по Монако“, наводно и рекол лутиот Милан на Дара, раскажал анонимен извор за српските медиуми.

Милан наводно бил малку љубоморен посебно откако слушнал дека Дара во Монако ја заведувал еден милионер.

притисни ентер