Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Вечерва на граѓанската трибина која се одржа во Дебар, заменик претседателката на СДСМ - Радмила Шекеринска се осврна и на планот на коалицијата „Можеме" за потребите на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

,,Нашиот план е минималната плата да продолжи да расте, од 14,500 на крајот од мандатот да успееме да стане 20.000 денари и ако некој праша можно ли е јас ќе кажам да, бидејќи покажавме на дело.

Не мора да ни ги слушате зборовите можете да ги погледнете бројките. Ако за 2,5 години ја покачивме минималната плата за 5,500 денари тоа можеме да го повториме сега за 4 години.

Просечната плата до крајот на мандатот сакаме да порасне на 34,000 денари и некој ќе каже, прво ВМРО ДПМНЕ нема шанси многу е, тоа го кажуваат два пати во Собранието кога баравме да поддржат раст на платите.

ВМРО ДПМНЕ, не гласаа „За" и денеска се шетаат по кампањи, истите луѓе велат сега ќе ви ветиме повисоки плати и пензии.

Пред година дена не можеа дури ни како опозиција сега ќе го направеле.

Ние тоа ќе го направиме, не на зборови туку со дела.

Во следните години ќе обезбедиме 600 милиони евра за нашите компании, 300 од домашни буџети, 300 од европски пари за да им помогнеме да исплаќаат повисоки плати.


Во Софија повторно демонстрантите со шатори го блокираа сообраќајот

Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа повторно поставиле шатори  и го блокирале сообраќајот на најмалку три места.

Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. Никој не е приведен во текот на ноќта.

Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.

„Подготвеноста да се жртвува социјалниот мир во името на политичкиот опстанок е чин на досега невидена политичка ескалација за време на бугарската транзиција. Кризата на бугарската демократија не може да се реши со репресивни и полициски мерки, може само да се продлабочи“, наведе Радев.

Тој смета дека оставките на Владата и на јавниот обвинител ќе бидат првиот чекор кон враќањето на Бугарија во владеењето на правото и демократијата.

24

СДСМ: Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани главен императив на новата Влада предводена од СДСМ

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија.

Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија.

Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.

Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

За две и пол години покажавме дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо. Во следните 4 години ќе покажеме дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

СДСМ

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

притисни ентер