Шекеринска на средба со својот италијански колега Лоренцо Гуерини во Рим

На покана на италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од денеска престојува во работна посета на Република Италија.

Попладнево министерката Шекеринска ќе има средба со министерот Лоренцо Гуерини, а во текот на работната посета ќе има средби во Министерството за надворешни работи и Сенатот на Република Италија.

Во рамките на посетата, министерката Шекеринска во Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, ќе има обраќање на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Македонија во НАТО".

Македонија и Италија во областа на одбраната соработуваат од 1997 година и тоа во областа на цивилно – воената соработка, логистиката, военото воздухопловство, обуките и школувањата. Досега, на дел од обуките и школувањата во Италија биле питомци на Воената академија, како и офицери од Армијата на Република Македонија. Двете земји соработуваат и на регионално ниво, во рамките на СЕДМ иницијативата, а интензивна е и соработката во рамките на меѓународните мисии – во италијанскиот контингент во УНИФИЛ во Либан, како и во силите КФОР на Косово, предводени од италијанскиот генерал Франко Федеричи, каде македонската армија учествува со 44 армиски припадници.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема против измена на член 102 ако има заштитни механизми

Додаде дека се уште го немаат предлогот на измената, но побара учество и на власта и на опозицијата како и на граѓанскиот сектор

Едукативни и кампањи од јавен интерес се од корист на секого, но мора да бидат со целосна вклученост на сите релевантни субјекти кои што имаат интерес од тоа и со под еднакво учество и на власта и на опозицијата. Многу е важно да се дефинира механизам кој што ќе значи контрола во однос на власта дсо цел да не ги злоупотребува тие кампањи за влијание врз медиумите и да не се прават финансиски малверзации, рече Николоски во вечерашното издание на Само Интервју.

Влада: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите

Владата, заедно со Министерството за образование и Институтот за македонски многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик"

„Толковниот речник на македонскиот јазик" е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков" коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Владата согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик" кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.

Владата во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив.

Швајцарците произведоа супер автомобил со 2000 КС

Малку познатата швајцарска компанија ја најавува премиерата на автомобил со врвни перформанси.

Единственото нешто што е веќе видено е моторот 5.2 V10, особено кога е атмосферски. Преносот е со седум брзини, а во погонскиот систем има и електричен мотор. Поточно, три такви мотори, што ја зголемува вкупната моќност на хибридот на повеќе од 1200 КС.

Звучи злобно, но овој автомобил ја има и таа еколошка страна. Така, благодарение на малата батерија од 4,5 kWh, може да вози исклучиво на електрична енергија.

Она што е особено интересно е карбонската монокабина и телото направено од композит познат како Амплитекс, дознава британски „Автомобил“.

И плановите не застануваат тука бидејќи Швајцарците не оставаат ништо на случајноста. Исто така, се подготвува електрична верзија со скоро 2000 КС и батерија од 70 kWh. „Работиме на нова технологија со ќелии со поголема енергетска густина отколку во Формула Е, што е околу 180 Wh / kg“, откри ко-основачот на компанијата и поранешен менаџер на Ле Ман, Беноат Моранд. Загарантираниот опсег е 301 км. Кон него се придружува и Ерик Булие, поранешен менаџер на тимот на Лотус и Мекларен Ф1, што дополнително ја зголемува тежината на проектот.

Почетокот на продажбата се очекува во 2023 година, а цената за секоја од 73-те планирани примероци е 2,3 милиони швајцарски франци, без оглед за кој примерок станува збор.

Кога станува збор за перформансите, максималната брзина се најавува на 400 км на час, а спринтот е за 6,3 секунди, до 200 км на час. Импресивно.

притисни ентер