Шекеринска и Брнз во посета на армискиот полигон „Криволак"

Вежбата „Одлучен удар – 21" ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак" и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Македонија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со американската амбасадорка Кејт Брнз денеска ќе го посетат армискиот полигон „Криволак" каде ќе бидат брифирани во врска со претстојните активности за реализацијата на вежбата „Одлучен удар – 21".

Вежбата „Одлучен удар – 21" ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак" и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Македонија.

До самото започнување на вежбата, од Армијата информираат дека ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот Криволак кој ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

Во Бристол им се суди на лицата , кои фрлија статуа на робовладетел во море

Тројца мажи и една жена пред судот во Бристол се изјасниле за невини за учество во рушењето на статуата на Едвард Колстон, сопственик на робови и трговец со робови од 17 век во Бристол, во југо-западна Англија.

За време на демонстрациите против расизмот на 7 јуни минатата година во Бристол, како дел од глобалниот бран протести наречен „Црните животи се важни“, беше срушена статуата на овој британски сопственик на робови и фрлена во пристаништето во Бристол.

Собраниска делегација на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

Делегација на Собранието учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO.

– Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното Собрание на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски.

Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030" и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради пандемијата со Ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC).

Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата.

Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Владата на денешната 50-та седница го утврди текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес, информираат од владината прес служба, по завршувањето на седницата.

Владата на денешната 50-та седница го разгледа и усвои и Планот за борба против корупцијата и здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот.

притисни ентер