Шекеринска: Балканот е тест за посветеноста, силата и амбицијата на Европската Унија

„Ако Европа сака сериозно да биде сфатена како глобален играч, мора сериозно да се размисли за одлуките кои претстојат. Балканот секогаш беше лакмусов тест за желбата, посветеноста, силата и амбицијата на Европа.“

„Сега е време повторно да се покаже овој европски порив и амбиција", рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешниот Самит за Западен Балкан, насловен „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа", кој се одржува во Скопје, во организација на престижниот „Економист".

Споменувајќи го недостатокот на ентузијазам во Европската Унија за процесот на проширување, министерката потенцираше дека Македонија во меѓувреме работеше напорно и испорача повеќе од потребното.

„Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, политиките како што се транспарентноста, слободата на медиумите – сите овие важни прашања беа реализирани затоа што ние сериозно ја сфативме нашата задача и испорачавме. Нашето членство во НАТО кое што се случи минатата година, ни даде простор да дишеме послободно, но за Северна Македонија секогаш имавме двојна цел – тоа се членството во НАТО и во Европската Унија", рече Шекеринска.

Во однос на искуствата од проширувањето на Унијата, министерката истакна дека иако некои од земјите-членки не се среќни со овој процес, она што треба сите да се запрашаат е како би изгледала европската геополитичка сцена денеска, доколку не се случеа двете големи последни проширувања.

„Какви ќе беа геополитичките предизвици за Европската Унија доколку лидерите на Унијата пред 20 години не беа доволно храбри да чекорат напред. Тоа треба да биде потсетник за актуелните лидери на Европската Унија дека безбедноста станува предизвик секој пат кога ќе ја занемариме геополитиката", рече министерката.

Шекеринска потсети и на важноста на членството на Северна Македонија во НАТО.

„Високите тонови меѓу Косово и Србија загрижуваат, но не стравуваме од прелевање бидејќи сме членка на НАТО. Тоа е вредноста на нашето членство како 30-ти сојузник", рече Шекеринска.

На панел дискусијата на која преку видео-конференциски врски учествуваа и Баиба Браже, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Џон Негропонте, поранешен заменик државен секретар на САД, Иан Лесер, претседателот на Германскиот маршалов фонд и Отон Анастасакис од Универзитетот во Оксфорд, министерката Шекеринска заклучи дека она што е навистина потребно е Европската Унија да испорача во однос на проширувањето, исто како што Македонија испорача во однос на реформите. Во спротивно се испраќа погрешна порака до регионот, и се отвора опасноста од долгогодишни замрзнати спорови на Балканот, се наведува во соопштението на МО.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер