Шаман од Шри Ланка во сон „видел“ лек против корона, па починал од ковид

Шаман од Шри Ланка, кој измислил напивка која, според него, ги штити луѓето од ковид, починал од болеста, потврдило неговото семејство.

Елијанта Вајт им давал од напивката на спортски sвезди и политичари, што како што рекол, дека му дошла во сон. Тој верувал дека истурањето на пијалокот во реките ќе стави крај на пандемијата во Шри Ланка и соседна Индија.

48-годишниот шаман почна да има сериозни симптоми на инфекција на почетокот на овој месец и бил однесен во болница каде што неговата состојба се влошила.

Неговиот пијалок бил јавно поддржан од поранешната министерка за здравство во Шри Ланка, Павитра Ваннијарачи, која потоа поминала две недели на интензивна нега поради инфекција со коронавирус, пишува Би -Би -Си.

Вајт станал познат последните години откако „лекувал“ неколку индиски крикет ѕвезди, но немал поддршка од медицинската заедница.

Легендата на крикет Сачин Тендулкар јавно му се заблагодарил во 2020 година и рекол дека шаманот му ја излечил повредата на коленото.

Тој, исто така, давал консултации на актуелниот премиер Махинди Рајапакси, кој изразил сочувство на Твитер.

„Неговото наследство ќе продолжи да живее низ многу животи, тој беше допрен и излечен од разни болести“, напишал Рајапакса.

Неговото тело било денеска кремирано, во согласност со прописите за пандемијата.

Шри Ланка имала полициски час изминатиот месец поради ширењето на варијантата делта. Според властите, 12,000 луѓе починале од вирусот во земјата, а повеќе од половина милион се заразени. Но, лекарите веруваат дека бројот на жртвите би можел да се удвои.

Која е новинарката која со своите нозе ги излуде Путин и Русите

Руската државна телевизија објави снимка од енергетскиот форум во Москва за да докаже како "злобната" 39-годишна Американка од Си-Ен-Би-Си го провоцирала нивниот претседател

На нејзното прашање како Европа може да верува дека Русија е сигурен енергетски партнер ако не испорачува гас преку гасоводи, претседателот незадоволен од прашањето, имаше забелешка на сметка на нејзиниот изглед која беше протолкувана како сексистичка со намера новинарката да се претстави како убава, но не и паметна.

„Убава сте и симпатична“. Ѝ зборувам едно, а таа одговара нешто друго, како воопшто да не ме слуша“ – рече Путин.

Руската државна телевизија остро го критикуваше нејзиното однесување.

Владимир Соловјев во своето телевизиско шоу на каналот "Росија 1", порача дека Гембл намерно се обидувала да го збуни рускиот претседател со својот изглед.

„Имам чувство дека темелно се подготвувала за средбата со рускиот претседател, како да оди на модна писта ... Ослабела неколку килограми, се затегнала во тесен црн фустан и ја распуштила косата за визуелно нозете да ѝ изгледаат подолги. Носеше потпетици од 12 сантиметри - рече рускиот водител.

Американската водителка тоа не ја збуни премногу.

На Инстаграм и Твитер таа се пофали дека завршила во руските весници.

Покрај фотографијата напиша: „Мојот најдобар агол".

Инаку Хедли Гембл е новинарка на телевизиска куќа Си-Ен-Би-Си од Абу Даби.

Води емисии од економијата и глобалниот пазар, исто така, работела за Еј-Би-Си Њуз и Фокс Њуз во Вашингтон.

Таа е водителка на популарно ТВ-шоу „Пристап: Среден Исток" во кое разговара со светските лидери, челници на меѓународни компании и филантропи.

Во октомври 2018. година, беше прва интернационална новинарка која се јави во живо од Саудиска Арабија во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Исто така, таа беше првата меѓународна новинарка која се јави во живо од магацинот за нафта „Арамко“ 2019 г., пренесувајќи за информации за штетата направена од иранските ракети и беспилотни летала.

Гембл е и страстен борец за правата на жените.

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

притисни ентер