Шаќири: Повеќе од добредојдена поддршката за забрзување на процесот на дигитализација

Процесот на дигитализација, главна тема на средбата меѓу министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири, постојаниот координатор на Обединетите Нации, Росана Дуџак и раководителот на Канцеларијата на ITU за Европа, Јарослав Пондер.

На состанокот, министерот Шаќири ги презентираше бројните активности на Владата за забрзана дигитализација. Меѓу активностите е и Националната Стратегија за ИКТ 2021-2025, која што речиси два месеца е објавена на ЕНЕР заради добивање коментари од сите засегнати страни, а по интегрирање на забелешките ќе биде усвоена од Владата.

Министерот ги истакна столбовите за Инфраструктура, Централизација на ресурсите и Дигитални вештини, како исклучително важни за одржлива дигитализација.

Од страна на претставниците на UN и ITU беа презентирани моделите на техничка поддршка кои преку различни агенции ги даваат на различни институции од Македонија. Дополнително, од нивна страна беше изразена подготвеност да дадат поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за ИКТ, особено во делот за дигитални вештини.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер