Шаќири: Надминување на јазичната бариера е прв чекор за зближување на различните народи

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност.

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност, затоа што во време на интернационализација и изразена мобилност на човечки капитал, јазичните вештини, покрај компјутерските се најважните кои обезбедуваат полесен пристап до високо ценети и платени работни места. Затоа, пораката која ја испраќаме денес, но и секој друг ден се промовира и шири преку образовните установи е луѓето, особено младите да посветат време на изучување јазици.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната панел дискусија во организација на Делегацијата на Европската унија, по повод 26ти септември – Европскиот ден на јазиците, на која учествуваше заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарската конфедерација Вероник Улман Марти и директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села.

„Светските јазици се важни, тоа е неспорно. Но, за нас како мултиетничка земја особено важно е изучувањето и на јазиците на различните етнички заедници. Тоа носи лични придобивки, но носи и сплотеност, создава единство, хармонија и ја јакне државата. Ова е една од целите на кои сме посветени како Влада. Приближувањето на луѓето едни кон други започнува со надминување на јазичната бариера, односно со совладување на јазиците на кои тие говорат“, рече Шаќири посочувајќи дека токму поради тоа институциите инсистираат на создавање мултиетнички училишни средини, се воведуваат предмети за изучување на јазиците на другите заедници и слично, а поддршката доаѓа и од граѓанскиот сектор, но и од меѓународните фактори и партнери.

Министерот изрази уверувања дека Македонија како членка на Советот на Европа на чија иницијатива повеќе до 20 години се чествува 26ти септември, ќе продолжи и во иднина да го одбележува Европскиот ден на јазиците, но и како што рече, ќе ги надградува сите досегашни активности кои се дел од вредностите за кои се залага, а меѓу кои и учењето јазици.

Министерство за образование и наука

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер