Шаќири на средба со претседателот на СОНК

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука.

Фото: Ивана Нол позираше на стадион во новото издание

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол, блесна  на Олимпискиот стадион во Берлин.

Атрактивната навивачка се појави во ново карирано издание со кое испрати порака за поддршка на нејзините„огнени“.

Кнол веднаш по појавувањето го го привлече вниманието на публиката на стадионот, и насмеано им позираше на фотографите.

Потоа Ивана се фотографирала со фановите.

Професионална Велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во општина Илинден

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден,

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

На велосипедската трка која е влезена во календарот на велосипедскитрки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја земаа учество околу 70-тина професионални велосипедисти од цела држава во 6 категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

На големо задоволство на љубителите на овој спорт од категоријата У-23 прв до целта стаса Димитар Јовановски, додека во категорија елит прв до целта стаса Никола Лефков, во категодија јуниори прв беше Андреј мацоски, категодија жени Елена Петрова, кадети Константин Костоски, мастерс Ивица Давидовски, У-13 мажи Христијан Николиќ а од жени Оља Цветанова и категорија У-15 Александар Ристовски и Антонија Маневска.

Велосипедската трка која беше од кружен карактер а стартната позиција од спортската сала ,,Гоце Делчев, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија,Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта – сопртска сала ,,Гоце Делчев”.

Покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која сосвоите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот,особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, како ипратеничката Драгана Бојковска, старт прозцијата беше од пред спортската сала ,,Гоце Делчев”, потоа се возеше кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9” се до спортската сала ,,Гоце Делчев”.

Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на победниците им додели покровителот на настанот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а Велосипедската федерација на Република Македонија на градоначалникот му додели плакета во знак на благодарност.

Заклучоци од мировната конференција за Украина

 Учеството и дијалогот на сите страни се неопходни за мир во Украина.

Претставници на 80 земји и на пет организации кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната.

Во заедничката изјава се потенцира дека мирот може да биде постигнат само со учество на сите страни.

- Актуелната војна на Руската Федерација против Украина продолжува да предизвикува големи човечки страдања и уништувања, создавајќи ризици и кризи со глобални последици, се наведува во завршната декларација од дводневната мировна конференција во Швајцарија.

Во документот се предупредува дека секоја употреба на нуклеарна енергија и нуклеарни инсталации мора да бидат безбедни, соодветно обезбедени, заштитени и еколошки прифатливи.

- Украинските нуклеарни централи и постројки, вклучително и нуклеарната централа во Запорожје, мора безбедно да работат и под целосна суверена контрола на Украина, во согласност со принципите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и под нејзин надзор, се наведува во заедничката изјава и се потенцира дека секаква закана или употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.

На конференцијата во Швајцарија учествуваа претставници на 92 држави и на осум организации, меѓу кои на Европска Унија, на Советот на Европа и на Обединети нации.

Завршната декларација не ја потпишаа земјите-членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), како и Ерменија, Бахреин, Ватикан, Индонезија, Либија, Мексико, Саудиска Арабија, Словачка, Швајцарија, Тајланд и Обединети Арапски Емирати.

Потписниците на декларацијата, меѓу кои и Украина, оценија дека за постигнување на мир потребно е учество и „дијалог со сите страни“.

На мировната конференција не присуствуваа претседателите на САД, на Кина и на Бразил, Џо Бајден, Си Џинпинг и Луиз Инасио Лула да Силва. Додека потпретседателката на САД, Камала Харис и германскиот канцелар Олаф Шолц си заминале порано.

Русија не беше поканета на мировната конференција, а Кремљ соопшти дека барањето начин за решавање на украинскиот конфликт без учество на Москва е нелогично и залудно.

Според аналитичарите дводневната конференција најверојатно ќе има многу мало конкретно влијание врз завршувањето на војната.

Претходно, премиерот на Канада, Џастин Трудо најави дека наскоро ќе организира меѓународен собир на министрите за надворешни работи посветен на жртвите од војната во Украина.

притисни ентер