Шаќири: МИОА и „Mastercard“ ja претставуваат националната услуга за дигитален идентитет

Благодарение на партнерството помеѓу „Mastercard“ и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) – првично најавено на почетокот на 2020 година, достапни се услугите за дигитален идентитет и поврзаните услуги.

Првата организација што ја користи услугата ID Service управувана од „Evrotrust“, е НЛБ Банка Скопје. Преку услугата обезбедена од НЛБ Банка Скопје, на клиентите им се нуди можност за далечинско електронско потпишување на правно обврзувачки документи преку идентификациската услуга (ID Service), услуга за дигитален идентитет на „Mastercard“ овозможена од „Евротраст“ (Evrotrust).

На овој начин, документите се потпишуваат електронски со исто правно дејство како и своерачниот потпис, што претставува уште еден чекор кон дигитализацијата на администрацијата и на услугите во Македонија.

„Годинава Македонија го одбележува воведувањето на услугата ID service со цел дигитализација на нашето општество, што беше од суштинска важност во текот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Ја почитуваме посветеноста на сите страни вклучени во спроведувањето на визијата за дигитална економија што ја споделуваме со ’Mastercard‘. Направивме многу но ова е првиот чекор што го гледаат граѓаните, а нашата главна цел заради целосно спроведување на услугата еID service во корист на македонските граѓани“, изјави Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, соопшти МИОА.

Примопредавање на дел од министерските ресори

Денеска во дел од ресорните министерства ќе се изврши примопредвање на министерските функции на новите министери во новата Влада.

Во министерството за одбрана заврши примопредавањето помеѓу досегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и новата министерка Славјанка Петровска.

Прва седница на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски

Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот. 

Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.

Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – за одбрана, Никола Тупанчевски – за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска – за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска – за култура, Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Беким Сали – за здравство, Јетон Шаќири – за образование и наука, Бујар Османи – за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – за економија, Насер Нуредини – за животна средина, Адмирим Алити – за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи – министер без ресор задолжен за дијаспората.

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18 отсто или 3,25 долари на 1819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48 отсто на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на TD Securities, цитирани од Волстрит Журнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.

притисни ентер