Шахпаска: За три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, ја внесовме државата во НАТО и градиме европска иднина

Нашата понуда е спротивна од онаа на  Мицкоски и Јанушев . Нудиме 20 кандидати за пратеници од ИЕ 3 , луѓе кои се чесни, професионално и семејно реализирани,  кредибилни кои ја бараат вашта доверба за следниот четиригодишен мандат.

Ова го истакна Јагода Шахпаска носителка на ИЕ 3 на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ во Делчево.

Шахпаска пред граѓаните во Делчево зборуваше за ветените и реализирани проекти и политики за неполни три години мандат од страна на СДСМ и Владата која ја предводи.

-Ветивме дека парите ќе ги вратиме назад кај граѓаните и дека ќе го подобриме нивниот живот. За тоа зборуваат , 3000 согласности на неопределено работно време преку министерството за труд и социјална политика за мотивирани, платени, ангажирани социјални работници. Растот на платите кај негователките и воспитувачките, оние кои се грижат за нашите деца, при тоа отворени 44 нови градинки и обезбедени нови 7500 места за нови деца кои ќе бидат згрижени во нив. –истакна Шахпаска.

Таа посочи дека наспроти замрзнати пензии, како што беше тоа во времето на ВМРО-ДПМНЕ за само 3 години пензиите пораснаа за 1700 денари. А за лицата кои не исполнуваа услови за редовно пензионирање и пензија , се воведе социјална државна пензија од 6000 денари, за 6600 граѓани . Тоа е социјална правда грижа за возрасните

Вистинска грижа за сите граѓани на нашата држава . Шахпаска зборуваше и за реформата за лицата со попреченост,преку големување на додатоците за мобилност, помош и пристап, социјалната реформа која се зголеми за 300% ,воведувањето на детски и образовен додаток со цел извлекување на децата , на семејствата од сиромаштија.

Преку концептот парите назад кај граѓаните,беше и укинувањето на радиодифузната такса, враќање на ефтината тарифа на струјата, повратот на ДДВ преку проектиот Мој ДДВ , се со цел повеќе пари секој месец да завршуваат во семејните буџети на граѓаните.

Токму, корона кризата покажа како вистински се грижи одговорна Влада. Се обезбедија платежни картички за вработените со ниски примања, за студентите, средношколците, а со следниот четврт пакет економски мерки ќе добијат пасивни баратели на работа заедно со пензионерите и самохраните родители од 9000 денари.

-Горда сум што поекнувам од генерацијата политичари кои што ја внесе нашата земја како 30 земја во НАТО сојузот и ја гради нејзината европска перспектива.Тоа се нови можности за граѓаните, за македонската економија. –истакна Шахпаска.

-На 15 јули остварете го вашето гласачко право применувајќи ги мерките за заштита на здравјето . Заокружете го бројот 3 затоа што покажавме и докажавме ,но во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро.-заврши Шахпаска, се анведува во партиското соопштение.

Неработна среда – како скопјани го минуваат изборниот ден?

Граѓаните денеска освен за искористување на правото на глас, убавото време и слободниот ден го минуваат и на прошетка и ги наполнија локалите.

По Владината одлука изборните денови да бидат неработни, Канал 5 направи обиколка низ градот, па денеска може да се забележи дека работат само локалите и трговските центри. За останатите, од ДПИ најавија засилени иснпекциски контроли во текот на денот, но засега како што велат, не се забележани прекршоци.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот на денот ќе го минат на прошетка и во исчекување на резултатите од гласањето.

- Веќе го искористивме правото на глас и остатокот од денот ќе го поминеме празнично дома и ќе ги следиме резултатите.

- Добро ќе поминеме со другарите ќе седнеме ќе пиеме по едно кафе, па ќе гласаме најдобриот нека победи.

- Да, го искористив своето право на глас, бев да гласам и денеска убаво времето малку на прошетка.

-Гласавме, денот е добар и ќе чекаме сега кој ќе победи.

Во ден без отворени супермаркети, пазарџиите денеска со полни раце работа. Со оглед на тоа што не работат трговците, граѓаните ги наполнија пазарите.

- Има раздвиженост, од гласање доаѓаат на пазар си пазаруваат луѓето и така добро е не е лошо.

- Ние работиме во сите денови без разлика што денеска е неработен ден, раздвиженоста е поголема од другите денови, значи забележително, сега дали ќе биде до крајот на денот така или ке се скрши работата, но има раздвиженост меѓу грѓаните.

Токму за одлуката изборните денови да бидат неработни, реагираа од бизнис заедницата објаснувајќи дека таа негативно ќе се одрази кон бизнисот и дека фирмите ќе претрпат загуби.

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Целта на акцијата со кодно име 'Пирамида' се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. /МИА

Излезноста до 13 часот повисока за четири проценти во однос на изборите пред пет години

Повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5.

Јован Ѓорговски ја има анализата.

Во која насока е трендот од досегашниот одзив на гласачите?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер