Шахпаска: За три години направивме големи исчекори во родовата еднаквост,социјалната реформа и реформата во пензискиот систем

Вечерва ќе говорам за она што ја претставува мојата вокација и за она што се залагав во македонското собрание изминативе години. 

Тоа е родовата еднаквост,социјалната реформа и реформата во пензискиот систем. Тоа се три области во кои ние како социјалдемократи направивме историски скок.–посочи носителката од ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Велес.

Ние сме генерација на пратеници која многу силно се бореше за ратификација на Истанбулската конвенција, која се базира на спротивставување на родово и секаков друг облик на насилствовои општеството. Таа е ратификувана но нејзината имплементација зависи од нејзината законска регулатива која како задача ни остана за следниот мандат.-истакна Шахпаска.

Нов закон за мобинг и санкции за извршителите на истиот, ослободување на жените од стереотипни обврски во семејството и нејзино изедначување во правата и можностите како и мажите, се дел од она кое го нуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот мандат.

Опфатот на деца во градинки го зголемуваме за 7500 деца, ќе ја продолжиме успешната приказна на реновирани 43 градинки, како и вработување на нови негователки и воспитувачки. Ја покачивме платата на негователките од 14.500 на 20.000 денари, а воспитувачките денес добиваат плата рамна со високото образование.

Шахпаска зборуваше и за мерките и политиките кои се од особено значење за жената. Тоа е најлибералниот закон за прекин на бременоста, кој и остава можност на жената да одлучува за себе, колку деца и со кого ќе ги има без предрасуди ниту влијание како тоа што беше правено од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека навистина е историски исчекор, кој го нема направено ниту една партија досега е и 50-50 % учество на листите за пратеници и активно учество на жената во политиката.

Нема да застанеме на 5000 согласности, 780 вработени доктори и 1000 сестри, продолжуваме понатаму ги поддржуваме специјализанти со цел да ги задржиме, дома. Штотуку дипломираните доктори со лиценца добиваат платена работа.-истакна Шахпаска.

Никој не е заборавен , па така и продолжуваме со грижата за лицата со попреченост. До 2021 за 21 % ќе се зголеми додатокот за лицата со попреченост и ветуваме дека нема да постои институција која нема да биде достапна за нив. Таа ги спомна и формирањето на мали групни домови, како во секое семејство, со топлина и пристоен живот. –порача Шахпаска.

Пензионерите пак конечно со доаѓањето на оваа власт го добија и законското усогласување, а во следниот мандат проектиравме зголемување на минималната пензија за 21 %. Тука е и социјалната пензија, 6000 денари кои можеби не се многу,но многу значат за оние кои до вчера не земале ниту денар.-посочи Шахпаска.

Таа сосема на крајот порача граѓаните да излезат на 15 јули, почитувајќи ги сите протоколи, и го дадат својот глас затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!

На 15 јули да ја славиме победата на коалицијата МОЖЕМЕ!, се наведува во соопштението на СДСМ.

Германија донира респираторни машини за македонските клиники

Владата на Сојузна Република Германија му донираше на Министерството за здравство на Република Македонија осум респираторни машини марка како поддршка за македонските клиники, соопшти Гераманската амбасада во Скопје.

Оваа донација e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан во справување со пандемијата од Ковид 19.

Вкупната вредност на донацијата е околу 233.000 евра, а се имплементираше преку германската Сојузна агенција за цивилна заштита THW.

Јаневски: Корона кризата ги извади на површина слабостите во домашниот туризам

 Падот во секторот е на очекувано ниво и во рамки на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на гости и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања.

Недоволно содржини, атракции, сместувања, услуга, управување со отпад и придржување до протоколите, се само дел од сегментите што ќе мора брзо да ги подобриме ако сакаме во викендите до крајот на годината да имаме туристи во домашните капацитети. Сезони веќе не постојат, корона кризата измести се. Падот во секторот е на очекувано ниво и во рамки на европскиот просек од – 67 отсто во бројот на гости и 56 проценти во бројот на остварени ноќевања. Има простор за оптимизам дека зацртаната цел е возможна – достигнување два милиона ноќевања во 2020 година.

Ова го истакнува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, во интервју за МИА.

Според Јаневски, во првата половина од 2020 година во македонската економија се влеале 100,7 милиони долари што е намалување од 34,7 проценти споредено со истиот период лани.

Јаневски смета дека државната помош за секторот дојде навреме, а претстојниот четврти пакет мерки не треба да биде линеарен, туку треба да овозможи помош со тоа што ќе го земе предвид остварениот промет во изминатиот трет квартал.

За вистинско закрепнување на туризмот, оценува директорот на Агенцијата, потребно е подобрување на законската легислатива преку воведување повеќе системски решенија кои ќе ги опфатат слабите точки дефинирани за време на КОВИД-кризата, но неопходен е и нов модел на субвенционирање кој нема да базира на квантитет на туристи, туку ќе овозможи долгорочна оддржливост и подобрување на квалитетот на услугата и сместувањето со што би станале конкурентна дестинација во регионот.

-Туристичките места се исполнија со домашни туристи и веќе од втората половина на јули сместувачките капацитети беа максимално пополнети. Притоа, голем број дестинации ги покажаа нашите недостатоци и на површина излезе слабото управување со туристичките дестинации. Бидејќи годинава претежно се потпираме на домашниот туризам, мерењата се во поглед на бројот на остварени ноќевања за кои очекуваме да имаат пад во 2020 година од 30-35 отсто во поглед на минатата година, што би се сметало за успех доколку ги земеме предвид најавите за процентуалниот европски, па и светски пад на туризмот, вели Јаневски.

Тој се согласува дека поради концептот на работа и специфичноста на туристичката дејност, најголем удар претрпуваат туристичките агенции. Немаа, вели, време да се прилагодат на моменталната состојба поради неможноста за патувања и откажувањето на сите дојдовни тури планирани за летната сезона 2020.

На хотелите во градовите и надвор од туристичките места, смета директорот, веднаш треба им се врати туристичката такса од 2019 година како неповратна помош и да се асистира за надминување на кризата со дополнителна поддршка за вработените.

-Хотелите во Скопје, Гевгелија, Битола… работат со капацитет од 10-15% и тука реално треба да се помогне. Четвртиот сет на мерки во туризмот не треба да биде линеарен, туку да овозможи помош со тоа што ќе го земе предвид остварениот промет во изминатиот трет квартал, а тоа ќе се постигне со спроведување на добра анализа за добиените и очекувани ефекти на краток рок, напоменува Јаневски.

Закрепнувањето на туризмот во периодот што следи, треба да базира на неколку столбови.

-Основата треба да биде "зеленa" и да овозможи оддржливост на секторот. Во март веќе беше јасно дека ќе биде потребна државна помош на туристичкиот сектор која според мене дојде на време преку три сета на мерки кои примарно имаа цел да ги задржат сите работни места во туристичкиот сектор. Но, за да овозможиме во вистинска смисла закрепнување на туризмот, потребно е подобрување на законската легислатива со воведување на повеќе системски решенија кои ќе ги опфатат слабите точки дефинирани во текот на оваа криза и ќе резултираат до добро регулиран пазар растеретен од сивата економија. Потребен е нов модел на субвенционирање кој нема да се базира на квантитет на туристи, туку ќе овозможи долгорочна оддржливост и подобрување на квалитетот на услугата и сместувањето, овозможувајки да станеме конкурентна дестинација во регионот, заклчувува Јаневски и порачува дека пресуден елемент за одлуката на туристите која дестинација ќе ја посетат во 2021 година, ќе биде сигурноста на таа дестинацијата и можноста да се справи со КОВИД./ МИА.

Мини лабораторија и повеќе стебла марихуана пронајдени во Визбегово, приведени три лица

Три лица се приведени вчера попладнето во операција на полицијата во Визбегово, во чии рамки е пронајдена мини лабораторија за производство на масло и повеќе стебла марихуана.

По претходно добиени оперативни сознанија, Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, извршила претреси во дом и други простории на 38-годишен скопјанец.

При претресот во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

Како што информираат од МВР, при тоа затекнати се и други две лица од кои едното, било затекнато при обработка на марихуаната. Извршени се претреси и во друга куќа, каде била пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис..

притисни ентер