Шахпаска : За функционални институции,подготвеност за нов бран на есен,рестарт на економијата,избори се решение

Во клучни моменти, македонското здравство покажа дека има капацитет навремено и ефикасно да се справи со заканите од пандемијата со коронавирусот, изјави Јагода Шахпаска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Навремените реакции и соодветниот системски пристап допринесе епидемијата да биде ставена под контрола.

Денес, сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност на нашите здравствени работници кое несебично се вложија изминатиов период.

Им оддаваме јавно признание и на граѓаните, на мнозинството граѓани кои ги почитуваа мерките за заштита и допринесоа со своите постапки.

Оваа криза покажа дека здравството е еден од основните општествени столбови. И секој влог во него е влог за сите нас.

Почитувани,

Се наоѓаме во крајно комплицирана состојба, без Собрание и со техничка Влада која имаше мандат само за организирање избори.

Светската здравствена организација предупредува дека постои ризик од втор бран на вирусот наесен, заедно со сезонскиот грип.

Ако оваа состојба продолжи нема да можеме подготвени да го дочекаме новиот бран наесен.

Заради здравството и заради здравјето на граѓаните изборите се решение!

Нашата татковина мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со очекуваниот нов бран на вирусот.

Предлозите за избори токму во пресрет на новиот бран, наесен, се неодговорни и на директна штета на здравјето а луѓето

Функционалните институции се неопходни и за здравјето и справување со новиот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата.

Затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Опструкциите и блокадите на опозициските функционери во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните и економските мерки наменети за граѓаните и компаниите.

Таква деструктивност е недозволива!

Нема да дозволиме да се наштети на интересите на граѓаните и државата.

Време е за избори, за заштита на здравјето на граѓаните, за економијата и демократските институции, рече Шахпаска.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

притисни ентер