Шахпаска: Со соседите градиме мостови на пријателство, ги отвораме европските порти, државата тргна напред, создаваме нова развојна економија

-„Добивме лична карта во ОН и сме препознаени како македонци од Северна Македонија,кои говорат македонски јазик. Потпишавме договор со нашиот источен сосед. 

,,Договорот за добрососедство е договор е потпишан меѓу две држави, два народи, два јазика.Тоа е договор кој само ни помага да градиме мостови, да се поповрзуваме со патишта, железници, да вршиме проток на стоки , услуги, капитал. Наше предизборно ветување во 2016 година беше дека ќе ја отвориме татковината, дека ќе го отвориме граничниот премин кон Бугарија, и дека Берово ќе го направиме атрактивна туристичка дестинација и пристојно место за живеење."-истакна носителката на ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Берово.

Таа посочи и дека благодарение на чесното и транспарентно работење на локалната самоуправа која не само што ги исплати старите долгови туку и вложуваше во оваа општина, Берово денеска ги има сите предуслови и за атрактивност и за убав живот.

Граничниот премин Клепало на кој се работи интезивно и од наша и од бугарска страна, наскоро со новата влада предводена од СДСМ и коалицијата ќе иде отворен и ние ќе имаме пристап до коридорот 8, до нови пазари преку Бугарија, Грција и Блискиот исток. Тоа е една од придобивките на потпишувањето на договорот со Бугарија.-истакна Шахпаска.

Таа се осврна и на социјалните политики и мерки како што се за 300% зголемена социјална помош, која денес изнесува меѓу 10.500 -11.500, потоа грижата за децата преку воведување на детски и образован додаток, а го добиваат сите приматели на социјална помош и оние семејства со минимална плата и образованиот додаток кој изнесува околу 1800 денари,а услов е децата да посетуваат редовна настава.

Солидарноста,еднавоста, правдата се обележје на социјалдемократите, па така за прв пат воведовме социјалната пензија од 6000 денари која ја примаат 6600 возрасни граѓани кои не успеале да остварат право на пензија.

Како дел од реформите за кои сум навистина горда е и решавањето на статусот на 12.000 стечајни работници. Додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години реши статус на околу 4.000 стечајци. Денес тие 12.000 стечајци земаат месечно околу 8.000 денари.

Невработените ги внесуваме на работни места, преку учење на занаети,доквалификации,преквалификации. Додека пак, преку дуалното образование ги оспособуваме средношколците за потребите на пазарот на трудот.-посочи Шахпаска.

Го реализиравме концептот враќање на парите кај граѓаните и еднакво општество за сите.

Само со враќање на ДДВ-то , за една година вративме 10 .5 милиони евра назад кај граѓаните.-истакна Шахпаска.

Таа зборуваше и за покачените плати во здравството. Па ,така денес лекар специјалист прима плата помеѓу 80-160.000денари, што не е само што го исполнивање на ветувањето ,туку и надминавање. Како и медицинските сестри на клиника кои земаат 31.000 денари плата, што е зголемување од 23%, зголемен капитационен бод и за матичните лекари и за стоматолозите.

Шахпаска сосема на крајот ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас, затоа што изборите ќе бидат безбедни со сите заштитни протоколи, се наведува во соопштението на СДСМ.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер