Шахпаска: Сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството

Шахпаска го отвори онлајн настанот по повод 25 ноември – Меѓународниот ден против насилство врз жените.

Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените - 25 ноември денеска се оддржа онлајн настан насловен „Нулта Толеранција за насилството врз жените и семејното насилство".

Настанот го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а активно учество земаа и министрите од МОН, МЗ, МВР, Царовска, Филипче, Спасовски, како и државниот секретар на МП, Тасевска и претставници од меѓународните и граѓански организации, Росана Дуџиак, (UN Resident coordinator), Весна Ивановиќ Кастареде(UN WOMEN), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и останати учесници.

„Овој ден не треба да се чествува,затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам,туку борбата против насилството врз жените, родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како оопштество да трае во континуитет", истакна министерката Шахпаска на почетокот на своето обраќање.

Таа се осврна на историскиот момент на жената во семејството, родовите стереотипи, подредената позиција на жената и доминацијата на мажот кога се работи за функционирањето на семејството како основна општествена клетка.

„За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња, потребно е спроведување на сеопфатна политика, за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото.Токму затоа како министерство посветено работиме за подобрување и креирање на национални политики, превенција и заштита на жртвите на насилство," посочи Шахпаска.

Таа потенцираше дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година, значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

„Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен статус,ниту верска или политичка определба.Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме , да превенираме и заштитиме," истакна Шахпаска.

Министерката зборуваше за значењето на новиот Предлог- Закон, кој во себе вклучува превенција, механизми на спречување и зштита од насислтво, но исто така и санкции за непостапување со должно внимание и за институциите , во спротивно жртвата има можност да поднесе тужба за непостапување и се однесува на сите кои се вклучени во процесот за реагирање при насилство како Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Образование и наука, за Внатрешни работи, Органите на државна управа, се до единиците на Локална самоуправа.

„Ве повикувам, сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство", порача министерката Шахпаска.​

Министерство за труд и социјална политика

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проект

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја.

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој се потпиша Меморандумот за соработка за примената на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во нашата земја, на кој присуствуваа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕБОР во нашата земја, Фатих Туркменоглу, како и дел од тимовите на централната банка и на Канцеларијата на ЕБОР.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за довербата укажана од ЕБОР, којашто одлучи централната банка да биде предводник на проектот и да гради мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст.

„Поддршката на бизнисите предводени од жени е клучна во борбата за родовата еднаквост. Централната банка активно ќе работи на едуцирање на корисниците на кредити за можностите и обврските коишто давателите на кредити ги имаат кон нив, како и за обезбедувањето податоци за кредитирање на компаниите предводени од жени, што ќе придонесе за подобар пристап на жените претприемачи до финансии. Последната анкета на Националната платформа за женско претприемаштво „Барометар за женското претприемаштво од 2023 година“ покажува дека околу 40% од жените сметаат дека немаат доволно поддршка во смисла на советодавна платформа и грантови за поддршка на нивниот бизнис. Исто така, повеќе од половината сметаат дека или немаат доволен или немаат соодветен пристап до финансии, а речиси 88% од жените претприемачи посочуваат дека со сопствени средства или со заем од семејството и пријателите го почнуваат својот бизнис. Преку овој проект сакаме да направиме разлика и да го свртиме вниманието кон овие политики коишто може да придонесат кон побрз економски раст и развој“, истакна гувернeрката Ангеловска-Бежоска.

„Промовирањето на родовата еднаквост е еден од трите стратегиски приоритети на ЕБОР, при што клучна улога игра поддршката на жените претприемачи. Кодексот за финансирање на жените претприемачи е исклучително добра можност да ги насочиме тековните напори во оваа област и особено сме задоволни за тесната соработка со Народната банка на ова поле“, истакна претставникот на ЕБОР во нашата земја, Туркменоглу.

Народната банка и ЕБОР се обврзаа дека во иднина ќе работат на зголемување на бројот на потписници на Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, вклучувајќи ги и носителите на политиките, давателите на финансиски услуги и други надлежни субјекти со цел се обезбедат податоци за фирмите на жените претприемачи и да се промовира неговата употреба при осмислувањето на политиките и производите за микро, малите и средните претпријатија предводени од жени.

притисни ентер