Институтот „Левада Центар“ објавил дека истражувањето спроведено минатиот месец покажало дека 62 проценти од испитаниците не сакаат да ја примаат руската вакцина против коронавирус, а повеќето од нив се на возраст од 18 до 24 години.
Повеќето ги навеле несаканите ефекти, вклучително треска и замор, како главна причина зошто не сакале да се вакцинираат.Студијата спроведена на 1.601 лице во 50 региони покажала дека 64 проценти од луѓето веруваат дека новиот коронавирус е биолошко оружје.
Потеклото на ковид-19 е високо исполитизирано, но повеќето вирусолози и експерти за инфективни болести сметаат дека најверојатно има природно потекло.
Мисијата на СЗО што ја посети Кина минатиот месец објави дека не истражувале дали вирусот избегал од лабораторија, сметајќи дека тоа е многу малку веројатно.
Експертите на СЗО веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци и имало повеќе можности да се рашири меѓу луѓето, можеби преку некое друго животно.Верувањето дека вирусот е биолошко оружје го делат 71 процент Руси на возраст меѓу 40 и 54 години, а само 23 проценти веруваат дека се појавил природно.
Русија пријавила речиси 4,3 милиони заразени од почетокот на пандемијата.
Три вакцини против ковид-19 се одобрени во Русија.
Земјата, со околу 145 милиони жители, започнала масовна вакцинација со Спутник V во декември.До 10 февруари, барем првата доза ја примиле повеќе од два милиони Руси.