Шабани: Само виша сила може да ги одложи следните рочишта

​„Само виша сила ќе може да ги одложи следните рочишта, во спротивно ќе следуваат санкции.” - вака револтирано реагираше судијата Осман Шабани по вториот неуспешен старт на рочиштето за предметот “Талир” на СЈО. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија со Заев тоне во сиромаштија

Во едно деноноќие има 160 новозаразени и 3 починати. Со овие бројки Македонија и понатаму е црн рекордер во регионот на починати и зарзени лица на еден милион жители. 

Бројот на вкупно заразени е над 12.500 лица што е 6 пати повеќе од прогнозите на Венко Филипче. Ова покажува колку лошо се менаџира здравствената криза која не е само македонски проблем, туку за жал станува и регионален и европски проблем. Македонија стана црна точка во време на епидемијата и извозник на заразени низ Европа.

Освен здравствената лошо се менаџира и економската криза. Станавме единствена земја во регионот на која и банкротира банка во време на кризата.

Поради неспособноста и неодговорноста Заев ја задолжи земјата и за милијарда евра нов долг во рок од само три месеци, а министерката Ангеловска наместо да се грижи за народните пари се грижела само како навреме да ги извлече заштедите од 250 илјади евра од Еуростандард банка.

Се дури Македонија ја води екипата на Заев на која побитно и е личното богатење наместо државата и народот, до тогаш ќе тоне народот во сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хали Бери го прослави 54. роденден , се пофали со совршениот изглед (ФОТО)

Хали Бери го прослави својот 54 роденден и ги остави обожавателите без здив со совршениот изглед.

„54, животот е само подобар и подобар“, напиша холивудската актерка покрај фотографијата на која позира на скејтборд.

54....life just gets better and better! 🌈✨

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

За само неколку часа, таа доби повеќе од 400.000 лајкови, како и бројни комплименти, вклучувајќи ја и актерката Октавио Спенсер.

Под фотографијата многумина и честитаа за нејзиниот роденден и се восхитуваа на нејзиниот фантастичен изглед.

Пред неколку дена, Бери, исто така, објави фотографија од плажа во бикини, за која што доби илјадници комплименти.

Never been a shady beach. 😂

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Строги мерки во Париз, забрана за собири на повеќе од 10 лица

Собирање на повеќе од десет луѓе е забрането во Париз ако не можат да се почитуваат епидемиолошките мерки, соопшти париската полиција.

Задолжителното носење на заштитната маска, која веќе е на сила на повеќе места во главниот град, ќе биде продолжена денеска во 8 часот наутро на дел од Елисејските полиња и до округот каде што се наоѓа музејот Лувр.

„Ако епидемиолошката состојба повторно се влоши, носењето маска може да биде задолжително за целиот главен град“, додаде полицијата.

Маските се задолжителни од понеделник во некои делови на Париз, вклучително и шеталиштата покрај реката Сена.

„Стапката на позитивни резултати од тестовите на„ ковид-19 “денес е 4,14 проценти во Париз и 3,6 проценти во Иле де Франс (регионот на Париз), а националниот просек е 2,4 проценти“, соопшти вчера полицијата.

Најчесто се погодени оние на возраст меѓу 15 и 45 години, иако и другите возрасни групи не се поштедени.

На места каде што маската не е задолжителна, се препорачува да се носи ако има многу луѓе.

Во баровите, рестораните и на терасите, ќе бидат засилени контролите за почитување на епидемиолошките мерки. Доколку се утврди дека мерките не се спроведени, овие објекти може да бидат затворени.

Ќе се зајакнат и контролите за носење маска во јавниот превоз.

Премиерот Жан Кастекс, плашејќи се од нов товар врз здравствениот систем, ги повика Французите да се свртат кон себе и да го спречат враќањето на епидемијата.

Француската влада денеска извести дека повеќе од 2.500 нови инфекции се пријавени веќе трет ден по ред.

И покрај порастот на бројот на случаи кои ја отстраниле Велика Британија од нејзината листа на безбедни земји за патување, бројот на хоспитализирани од коронавирус продолжува да паѓа, откако за прв пат опадна под 5.000, вкупниот официјален број на случаи сега е 212.211.

притисни ентер