Севернокорејските хакери лани украле 400 милиони долари во криптовалути

Северна Кореја извршила седум напади на платформи за криптовалути минатата година и извлекла дигитални средства во вредност од речиси 400 милиони долари, пишува Ројтерс.

„Од 2020 до 2021 година, бројот на хакерски напади поврзани со Северна Кореја се зголеми од четири на седум, а вредноста на повлечените средства скокна за 40 отсто“, се вели во извештајот на експертите на Chainalysis.

„Кога Северна Кореја ја презеде контролата врз средствата, започна внимателен процес на перење пари за да ги прикрие и да ги заработи“, се додава во извештајот.

Експертите на Обединетите нации кои ги следат санкциите кон Северна Кореја го обвинуваат Пјонгјанг за кражба на средства што се користат за финансирање нуклеарни и балистички програми.

Северна Кореја претходно негирала дека има хакирање.

Минатата година, Соединетите Држави обвинија тројца севернокорејски програмери, кои работат за државната разузнавачка служба, дека со години краделе 1,3 милијарди долари пари и криптовалути, оштетувајќи компании како банки, па дури и холивудско филмско студио. Chainalysis не ги именува целите на хакерските напади.

Повеќето од минатогодишните напади веројатно ги извршила групата Лазарус санкционирана од САД, која е под контрола на главната севернокорејска разузнавачка служба.

За попладне и вечер најава за изолиран развој на пороен дожд, грмежи, ветер

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степен.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Без вода неколку улици во Центар

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улица „Киро Крстевски Платник" до „Коста Неделковски", „Златко Шнајдер" и уметничкото училиште во Општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „Златко Шнајдер" крстосница со „Киро Крстевски Платник".

притисни ентер