Северна Кореја лансираше две балистички ракети над својот источен брег, прв таков случај по шест месеци и направи ново кршење на резолуциите на ОН.
Ситуацијата се појавила додека Јужна Кореја и Кина разговарале за нуклеарното прашање на Северна Кореја.
Неколку часа подоцна, Јужна Кореја лансира балистичка ракета со помош на подморница.
Претседателот Мун Џае-ин, кој присуствувал на тестирањето, рече дека Јужна Кореја сега има доволно ресурси за да одговори на провокациите на Северна Кореја во секое време.
Коментарите ги критикувала Ким Јо-Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, која ги опишала како нелогични и жални и предупреди дека тие можат да доведат до прекин на врските.
Резолуциите на ОН и` забрануваат на Северна Кореја да спроведува тестови со балистички ракети - кои можат да носат нуклеарни или конвенционални боеви глави - во обид да ја спречат нуклеарната програма на земјата.
Последните лансирања покажуваат дека Северна Кореја продолжила да го развива своето оружје и покрај тешката економска криза. Експертите велат дека Пјонгјанг спроведува такви тестови за да ја подобри својата технологија, додека се обидува да го зголеми влијанието во преговорите со Вашингтон.
САД сакаат Северна Кореја да се откаже од нуклеарната и ракетната програма во замена за ублажување на санкциите, но Северна Кореја одбива.
Северна Кореја се соочува со недостаток на храна и поминале повеќе од една година во изолација. Најголемиот дел од трговијата со Кина, нејзиниот најблизок сојузник, е прекината за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Минатиот месец, нуклеарната агенција на ОН соопшти дека Северна Кореја го рестартирала реакторот што може да произведе плутониум за нуклеарно оружје, нарекувајќи го „длабоко загрижувачки“.