Северина, облечена како Хурем, го најавува новиот сингл!

Хрватската пејачка Северина на Фејсбук ја објави фотографијата со која го најавува својот нов сингл „Робинка не љуби како дама“.

На фотографијата, пејачката позира облечена како султанката Хурем од „Сулејман Величествениот“.

„На колената ти паѓам без срам. Новата песна очекувајте ја наскоро... Во наредните денови ќе го откриеме датумот на премиерата“, напишала Северина под фотографијата. /Извор: 24sata.hr/

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер